врати се на Слободен Печат

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

На ден 11.2.2025 година се навршија три тажни години од смртта на нашиот сопруг, татко и дедо

ПЕТАР АТАНАСОВСКИ

(1947-2022)

По тој повод тригодишнината од смртта на нашиот сопруг, татко и дедо Петар го посетивме неговото вечно почивалиште и му ја оддадовме должната почит искажувајќи ја сета наша неизмерна љубов кон него.

Тој беше нашата гордост и столбот на нашето семејство. Секогаш имаше љубов и разбирање за сите нас како семејство. За сè што направи за нас вечно сме му благодарни.

Почивај во мир и спокој бидејќи ти тоа го заслужи, а секојдневните наши сеќавања на тебе даваат сила да продолжиме понатаму без да те заборавиме.

Почивај во својот вечен дом и вечна ти слава.

Сопругата Виолета, синот Јане и ќерката Наде со своите семејства