СЕЌАВАЊЕ
Денес се навршуваат 8 години одкако не напушти нашиот сакан и непрежален сопруг, татко, дедо, брат, свекор, чичко, тетин и прадедо

Проф. Д-р ЃОРЃИ СТАВРИЌ
Постојано си во нашите мисли и срца.
Од семејството
ПОМЕН
По повод тригодишен помен на татко ми

Д-р. Проф. МИХАИЛ ЧЕПРЕГАНОВ
Во сабота, 17 мај, ќе го посетиме неговиот вечен дом, на Штипските гробишта во 12 часот.
Вечно со нас.
Твојата Билјана Чепреганова Крстиќ со семејството

40 ДНЕВЕН ПОМЕН
На ден 16.5.2025 (петок) се навршуваат 40 дена од смртта на нашиот
сакан татко, дедо, прадедо

ПЕТКО СЕРАФИМОВСКИ
По тој повод , на 16.5.2025 во 12 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Гробиштата во с. Волково -Ѓорче Петров-Скопје.
Почивај во мир!
Со љубов од ќерката Тања со фамилијата !
СЕЌАВАЊЕ

МИХАЈЛО ВОЛКАНОВ
2020-2025
Премалку зборови, а премногу што сакаме да ти кажеме.
Беше најдобар сопруг, татко и дедо.
Најсилна и најголема поддршка и снага во сите животни предизвици.
Најдобар од најдобрите.
Не научи што значи по дефиниција фамилија, меѓусебна почит и безусловна љубов.
Ни недостасуваш и ќе ни недостасуваш за се што доаѓа. Ни недостасуваат твоите очи полни со насмевка, добрина, гордост и среќа.
Но ти живееш и ќе живееш во сите нас кои те сакаме.
Сопругата Елена, ќерките Сања и Калина, зетот Златко и внукот Филип