врати се на Слободен Печат

ГОДИШЕН ПОМЕН

ДРИНКА СТОЈАНОВСКА

1946-2025

Една година без тебе, мамо.

Година во која научивме дека љубовта не завршува со заминувањето. Те наоѓаме во спомените што ги раскажуваме, во вредностите што ни ги остави и во секој миг кога ни недостига твојата топлина.

Ти беше срцето на нашето семејство, тивката сила што нè држеше заедно и сигурното место каде секогаш се враќавме.

Затоа и денес, кога те нема, чувствуваме дека си дел од секој наш ден.

Со вечна љубов и благодарност,

Твоите деца, внуци и семејството

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

Изминаа 25 години од загубата на нашите драги

РАТКО КАПУШЕВСКИ

30.05.2001 – 30.05.2026

Со љубов и почит,

од семејството

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

Изминаа 25 години од загубата на нашите драги

ЗАГОРКА КАПУШЕВСКИ

30.05.2001 – 30.05.2026

Со љубов и почит,

од семејството

ГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една тажна година од прераната

смрт на нашиот мил внук и братучед

МИХАЕЛ ПРАЈС

од Германија

Измина една цела година, тивко, онака

како што и ти тивко замина од нас, таму

во вишното небо меѓу ангелите, таму

каде што можат да допрат само спомените

за тебе, копнежите по тебе и воздишките

од нашите души. Измина една година, но

не те покри заборавот,, затоа што си таму

во вечниот незаборав. Постојано гледаме

во небото упатувајќи ти ги таму нашите

мисли и нашата вечна љубов за тебе.

Вујкото и вујната Никола и Љиљана Пет-

ковски и братучетките Катерина Занету

и Светлана ван дер Стелдт – Петковска

ПОМЕН

ЈОВАН СИЛЈАНОВСКИ

с.Гари

1934-2021

Се навршуваат 5 години.

Спомените за тебе засекогаш ќе останат со нас.

Сопругата Трајка, синот Гино и ќерката Виолета со семејствата