СЕЌАВАЊЕ
На револуционерот и АСНОМ
На 13.7.2025 се навршуваат 74 години од смртта на

ПАНКО БРАШНАРОВ
народен пратеник од Велес
1883-1951
од правнукот Костадин Сарагинов, Скопје
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
Поминаа 40 дена откако почина нашата мајка и баба

ДРИНКА СТОЈАНОВСКА
дипл.инг.архитект
По тој повод поменот ќе се изврши на ден 14.7.2025 (понеделник) во 10:00 часот на Градските гробишта Бутел.
Од семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека изминуваат три години од прераното физичко заминување на нашата сакана

СВЕТЛАНА НИКОЛИЌ
(1954-2022)
Опелото ќе се одржи на 12 јули 2025 година (сабота), со почеток во 11 часот, во храмот „Свети вмч. Димитриј“ во Скопје.
Сестрата Љиљана Николиќ со семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека на 8 јули 2025 год. почина нашиот сопруг, татко и дедо

ЈАНЕВ ЉУБЕ
1950-2025
Погребот ќе се одржи денеска (10.7.2025), на Градските гробишта Бутел во 11 часот, во Капела од 10-11 часот.
Засекогаш ќе останеш во нашите мисли, срца и сеќавања.
Почивај во мир.
Од семејството Јаневи
СЕЌАВАЊЕ

МАРКОВСКИ ЦВЕТАН
Шест години поминаа без тебе.
Но убавите спомени никогаш нема да исчезнат.
Сопругата Борика со фамилијата
СЕЌАВАЊЕ

ДАНИЦА СИВЕВСКА
2020 - 2025
Со љубов, почит и благодарност го чуваме споменот на нашата мила мајка.
Нејзините Тане, Марги, Наташа, Јасна, Марија и Ирина
СЕЌАВАЊЕ
на најсаканото синче и братче

АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
12 год.
6.7.1996-6.7.2025
Најмил, изминува третата деценија без тебе, но твојата насмевка, твоите прегратки и твојата љубов за нас живеат во нашите спомени, нашите срца и не исполнуваат со тага, но и радост бидејќи беше дел од нашите животи.
Бескрајно ни недостасуваш ангелу наш најсакан.
Твоите најсакани мајката Весна Герасимовска и сестрата Билјана
СЕЌАВАЊЕ
на саканиот внук

АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
6.7.1996-6.7.2025
Твојата љубов и најнежна душа се секогаш околу нас.
Билјана, Анастазија и Тео
ПОМЕН

ВЕРА ЗАФИРОВСКА
2015 – 2025
Живеете во нашите срца и никогаш нема да бидете заборавени.
Бескрајно сме ви благодарни за се што направивте за нас.
Ќерката Катица и внуката Ива
ПОМЕН

ГЛИГОР ЗАФИРОВСКИ
2015 – 2025
Живеете во нашите срца и никогаш нема да бидете заборавени.
Бескрајно сме ви благодарни за се што направивте за нас.
Ќерката Катица и внуката Ива
ЖАЛНА ВЕСТ
Со голема тага ги известуваме нашите роднини и пријатели дека на 23.6 на 84 годишна возраст не напушти нашата сакана мајка, баба, сестра и тетка

ХАРИКЛИЈА БРАСЕЛ
родена Трандафиловска
Испраќањето за кремација ќе биде на 3 јули, на гробиштата Пер Лашез во Париз.
Длабоко ожалостени семејствата Трандафиловски и Брасел
ПОМЕН

ВЕЛЕ АРСОВСКИ
-ГАРИ-
1949 - 2011
На 01.07.2025 година се навршија 14 години.
Сеќавањата и спомените се секојдневни.
Почивај во мир.
Сестрата Трајка со фамилијата
СЕЌАВАЊЕ
На 3.7.2025 година се навршуваат 10 (десет) години од смртта на мојот сакан и почитуван брат

СПИРО БУЦЕВСКИ
3.7.2015-3.7.2025
Со љубов и почит,
сестрата Магдалена
СЕЌАВАЊЕ
На 3.7.2025 година се навршуваат 10 (десет) години од смртта на нашиот сакан и почитуван татко

СПИРО БУЦЕВСКИ
3.7.2015-3.7.2025
Неизмерно ни недостигаат твојот ведар лик, добрина и мудрост.
Твоите Јасмина и Весна
IN MEMORIAM

КРУМЕ АНДОНОВСКИ
градежен инженер
2005-2025
На денешен ден пред 20 години си замина еден прекрасен човек, но неговото присуство не не напушти никогаш.
Со почит и љубов Вера
СЕЌАВАЊЕ
на нашиот сакан

МИЛЕ НИКОЛОВ
20 години без тебе… но секогаш со нас – во мислите, во срцата, во тишината.
Со љубов и почит,
сопругата Вера, синовите Александар и Горан со семејствата.
IN MEMORIAM

Проф. д-р. МИРЈАНА ПОЛЕНАК АЌИМОВСКА
редовен професор, емеритус на Правниот факултет “ Јустинијан Први “ Скопје
Ќе ги негувам спомените од другарувањето со тебе!
Спомените ни се драгоцени зашто нè потсетуваат на убавото минато!
Елена Градишки- Лазаревска
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана професорка и колешка

ПРОФ. Д-Р МИРЈАНА ПОЛЕНАК АЌИМОВСКА
редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
1944-2025
Со смртта на проф.д-р Мирјана Поленак Аќимовска, загубивме драга и почитувана колешка, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог.
Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Посмртните останки на проф.д-р Мирјана Поленак Аќимовска ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 28.06.2025 година (сабота) од 9-10 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје