врати се на Слободен Печат

ПОМЕН

На ден 4.11.2021 година се навршува една година од смртта на нашата сакана мајка, свекрва и баба

ДРАГИЦА КОНЕВА

1929-2020

Засекогаш ќе останеш во нашите сеќавања

Семејство Коневи

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Изминаа четириесет тажни дена од смртта на мојата мила сопруга и прекрасна мајка

МАРИЈА НЕШКОСКА

Поменот ќе се одржи утре, петок, 5.11.2021 година во 12 часот во Соборниот храм Св. Климент Охридски-Скопје.

Ожалостени сопругот Стеван и ќерката Александра

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН 

Во сабота на 6.11.2021 година се навршуваат четириесет дена откако прерано не напушти нашата непрежалена сопруга и мајка

ЛИЛЈАНА ЈАЌОСКА

Ги известуваме сите роднини и пријатели дека во 12:00 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел.

Со неизмерна тага и вечен спомен, од сопругот Душан, синот Драгољуб, ќерката Александра и ќерката Елена со сопругот Горјан и децата Мила, Нико и Алек.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот зет, тетин и дедо

ДРАГАН ДАНГАЛОВ

Почивај во мир.Со длабока тага

Ангел, Милена и Петар

ЖАЛНА ВЕСТ

На ден 2.11.2021 година во својата 81ва година на животот не напушти нашиот сакан сопруг и татко

ДРАГАН ДАНГАЛОВ

Погребот ќе се изврши на ден 3.11.2021 година од 11 до 11:30 часот , кога телото ќе биде изложено во капелата  на Градските гробишта Бутел.Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и сеќавања.

Ожалостени сопругата Слободка и синот Оливер

СЕЌАВАЊЕ

Пет години без твојот ведар лик и насмевка

БИЛЈАНА МЛАДЕНОВСКА

Времето што одминува неможе да ја намали тагата и болката по тебе.Вечно ќе те носиме во нашите срца и горди сме што те имавме.Почивај во мир

Мајката Ана, братот Горан и снаата Моника

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Изминаа шест тажни години откако прерано не напушти нашата единствена и сакана ќерка

ЈУЛИЈА ВИЧИШКА КОСТОСКА

Чедо наше, Почивај во мир и спокој.

Неутешни родителите

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
До нашиот сакан сопруг, татко, свекор и дедо

Димитар Котески

1941 – 2021

Мил наш,
Горди сме што имавме нежен и пожртвуван сопруг, родител и дедо. Со твоето широко срце ни даруваше огромна љубов, добрина и разбирање на сите. Беше искрен, чесен и решителен во животот, така не воспита и нас.
Бескрајно те сакаме и вечно ќе ни недостасуваш.

Со љубов,
Сопругата Кики, синот Михајло и ќерката Магдалена со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
До почитуваниот близок и сакан пријател

Благоја Дончев

Засекогаш во нашите мисли и сеќавања.
Семејство Каратукови

СЕЌАВАЊЕ

На ден 24.10.2021 година се навршуваат 4.5 (четири и пол) години како Ти го остави своето гнездо кое Ти го створи и одлета многу далеку, не се врати и никогаш нема да се вратиш.

Љубица Коруноска

Твојата слика стои на масата во дневната соба опкружена со свежи цвеќиња. Цвеќето кое ти го купи рашири гранки и ја прегрна твојата слика и цврсто ја чува. Твојот вечен дом го посетуваме секој празник и секој викенд носиме цвеќе, палиме свеќа, ја бацуваме твојата слика на каменот, седиме на дрвената клупа и очекуваме да
се појавиш да те видиме, но ти не се појавуваш. Со насолзени очи заминуваме со мисла дека идниот викенд ќе се појавиш.

Почивај во мир сакана и мила.
Од твоето мило и сакано семејство

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
Изминаа шест тажни месеци од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

Чаловски Чало

Поменот ќе се одржи на 23.10.2021 година( сабота) во 11 часот на Градските гробишта Бутел каде ќе го посетиме неговиот вечен дом и положиме свежо цвеќе.

Почивај во мир.
Ожалостени сопругата Љупка, ќерката Чалика, зетот Слободан и внуката Сара.

ЖАЛНА ВЕСТ
На 19.10.2021 година, почина

Марија Рунчева

род. РАШКОВСКА

Погребот ќе се изврши во 13 часот на 21.10.2021 (четврток) на градските гробишта Бутел во Скопје.

За нашата мајка и баба, со љубов,
Јадранка, Зоран, Сања и Росица

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот сакан

Стеван Огненовски

1948-2021

роден 1948
кој почина на ден 13.10.2021 година , погребот е извршен на 14.10.2021 во кругот на семејството.

Почивај во мир. Бескрајно те љубиме.
Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата сакана мајка и баба

Вера Димитровска

Почина на 9.10.2021 година, а погребот е извршен на 10.10.2021 година на Градските гробишта Бутел

Од нејзините најблиски:
Соња, Љупчо и Никола Стружанчеви

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На 9.10.2021 година се навршуваат 15 години од смртта на нашиот мил и единствен брат

Д-р Михајло Гонев

(д-р Мики)
Од Свети Николе

Се тече-се´ се менува, само спомените за заедничкиот живот остануваат Вечни.

Твоите сестри: Верица Бојковска (Гонева) од Куманово и Наде Давчева (Гонева) од Скопје со своите семејства

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Со неизмерна тага ги известуваме нашите роднини и пријатели дека на ден 4.10.2021
година почина нашиот сакан сопруг и татко

Проф. д-р Зоран Митрески

Редовен професор (во пензија) при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје Роден на 4.2.1931

1931-2021

Погребот е извршен на 6.10.2021 година на Градските гробишта Бутел, во кругот на
најтесното семејство.

Од тебе се простуваме со голема болка во душите, но и со гордост што те имавме за
сопруг и родител. Вечно ќе живееш во нашите спомени. Нека ти е светол патот, почивај во
мир, и вечна ти слава.

Од сопругата Оливера и ќерките Снежана и Викторија

ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока жал им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека почина нашата мила Мајка,
баба и прабаба-Нана

Драгица Каранфиловска

1924-2021

Погребот ќе се изврши на 7.10.2021 година во 12 часот на Градските гробишта Бутел.

Ожалостена фамилија:
Ќерките Елена и Лилјана со фамилиите

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
Поминаа 40 тажни дена без тебе. Твоето отсуство се чувствува. Ни недостигаш!

Љубомир Димитров

30.10.1935-26.8.2021

По тој повод на 4.10.2021 година(понеделник) во 11:00 часот ќе го посетиме твојот вечен дом.

Ужалени: ќерките Марија, Меланија и зетот Горанчо