врати се на Слободен Печат

ПОМЕН

За мојата мајка

РАДА ПАНДИЛОВСКА

20.11.2017-20.11.2021

Благодарам за твојата ведрина, мудрост и разбирање.

Од синот Душко, внуката Ирина и внукот Јане

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На саканата тетка и баба

РОСКА ИЛИЕВСКА

1935-2021

Засекогаш во нашите мисли, молитви и срца. Почивај во мир

Од семејството Сотировски и Ристески

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Помина цела една година без тебе, Трале.

ТРАЈЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ

Многу ни недостигаш. Вечна слава и спомен.

Од смејството Ѓорѓевски Бубе, Мате, Ѓоре, Вида, Елена, Ана и внуците Јан, Мика и Алек

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

По повод ненадејната смрт на

Др. ДРАГАН ФИЛИПОВИЌ

истакнат хирург од Тетово

Голем активист и добротвор во СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА во Македонија, на семејството му изразуваме длабоко сочувство.

Српски Национален Совет во Македонија

20 години сеќавање на

бОГДАН ЃУЗЕЛОВ

(1932-2001)

Драг наш Ѓузел, тато, дедо, Врежан си во нашите спомени за сите безброј добрини што ги направи за нас.

Твоите Драгица, Влатко, Диме, Сара и Теа Ѓузелови

 

ЖАЛНА ВЕСТ

Со голема тага ве известуваме дека почина нашиот

АДЕМ КОЧАН

поменот ќе се одржи на 10.11.2021 година во 13:30 часот во џамијата во Бутел 1, а закопот во 14:30 часот на Градските гробишта Бутел.

Од семејството

 

ЖАЛНА ВЕСТ

Со неизмерна тага ги известуваме роднините и пријателите дека на 9 ноември 2021 година почина нашата мајка, свекрва и баба

РУЖИЦА СТОЈМАНОВСКА

Родена 1941 година

Посмртните останки ќе бидат изложени денеска, во капелата на Градските гробишта во Бутел од 11.30 часот. Погребот е закажан во 12 часот.

Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до

ВЕРА СТОЈАНОВИЌ

Род. ДУКОВСКА

(1950-2021)-Белград

Сакана сестро, во ова време –невреме , не успеав да бидам до тебе во твоите последни денови. Прости ми. Почивај во мир.

Твојата сестра Мики со децата Жељко и Весна со семејството.

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

На 11 ноември 2021 година се навршуваат шест месеци од смртта на нашата сакана и почитувана мајка, свекрва, баба и прабаба

ЉУБИЦА РАВАНОСКА

По тој повод на 11 ноември(четврток) 2021 година во 12 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе положиме свежо цвеќе.Твојата ведрина , добрина и неизмерна љубов што ни ја даваше на сите нас ќе останат во трајно сеќавање. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца и мисли.

Од синот Пане, ќерката Сава со семејствата

СПОМЕН

Во вторник, 9 ноември, се навршува една година од смртта на

 

АХИЛ ТУНТЕВ

Си спомнуваме на неговиот лик и на годините кои ги поминавме заедно.
Додека сме живи, ќе бидеме благодарни што имавме таков татко и дедо.
Поменот беше извршен во недела, 7 ноември, во кругот на семејството.

Тунтеви

IN MEMORIAM

ДРАГАН ГРАДИШКИ

2003-2021

Ние старееме, а спомените за тебе не стареат.

Оле со децата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Се навршуваат 40 дена од смртта на нашиот сопруг, татко и дедо

ДРАГАН НАУМОВ

Поменот ќе се одржи во недела на 7  ноември во 11 часот на Градските гробишта Бутел

Од семејството

ГОДИШЕН ПОМЕН

На 8.11.2021 година, понеделник, се навршува една година од смртта на нашата сопруга, мајка и баба

ВАСИЛКА ЦВЕТКОВСКА

(1953-2020)

Поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел, парцела 264, во 12 часот.

Сопругот Гроздан, синот Нино и внукот Максим

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

До нашата мила и почитувана сестра, тетка и балдза

ВЕРА ЧИЧАКОВСКА

Од Марија Писинова со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

До нашата мила и почитувана снаа и вујна

ВЕРА ЧИЧАКОВСКА

Од Весела Стојковска со ќерките со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

До мојата сакана лела

ВЕРА ЧИЧАКОВСКА

Од внуката Златица Жантевска-Пејиќ со семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

Ве известуваме дека на 4-ти Ноември по долга и тешка борба со болеста не напушти нашата љубена мајка, баба и столб на семејството

ВЕРА ЧИЧАКОВСКА

Погребот ќе се изврши на  Градските гробишта Бутел  на  5-ти Ноември во 12:30, а ќе биде изложена во Капела од 12 до 12:30 часот.

Од Татјана, Андреј, Марија и Ема

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

Изминаа шест месеци од смртта на нашиот сакан татко и дедо

БОГДАН БЕТИНСКИ

Поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел на 7.11.2021година (недела) во 10: 30 часот. Засекогаш со нас. Почивај во мир

Твоето семејство