врати се на Слободен Печат

СЕЌАВАЊЕ

на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

СТОЈКО ИВАНОВСКИ

Годините не можат да ги избришат спомените за тебе. Те сакаме.

Твоите Стојанка, Марина, Бети, Сашо, Дејан, Ангела и Наталија

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот сакан

МАРЈАН ВАСИЛЕВСКИ

Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и мисли.

Од  братучетките Јуле и Весна со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот почитуван сосед

КИРИЛО НИКОЛОВ

Почивај во мир, вечен спомен

Станарите од зградата бр.87 на Булевар Илинден, Скопје

Сеќавање

Поминаа две тажни години без тебе тато.

Димче Николовски

Почина на 19 јануари 2020

Најмили наш, горди сме што сме твои  деца. Бескрајно ти благодариме за се што стори за нас. Се сеќаваме на тебе со љубов, тага и гордост. Почивај во мир, вечно ќе живееш во нас.

Од синот Никола и ќерката Соња со семејствата.

Четириесетдневен помен

Во вторник на 18 јануари 2022 година се навршуваат 40 дена од смртта на нашиот сакан

ПЕТАР ВЕСОВ – ПЕКО

Поменот ќе се одржи на 18 јануари , во 12:30 часот, на Градските гробишта Бутел .

Од семејството

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

МЕНКА ЃУРЕВСКА

20.06.1946 – 09.12.2021

Како сопруга, мајка, баба и прабаба, живееше тивко без многу врева и како живееше така замина, без збогум. Ти благодараме што беше дел од нашите животи, а ќе останеш вечно во нашите срца и мисли.

ПОМЕНОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 17.01.2022 ГОДИНА ВО 11,30 НА ГРОБИШТАТА ВО СЕЛО ‘РЖАНИЧИНО

Тони Ѓуревски

Сеќавање

Поминаа две тажни години без тебе мамо.

Спасија Николовска

Почина на 17 јануари 2020

Најмила наша, горди сме што сме твои  деца. Бескрајно ти благодариме за се што стори за нас. Се сеќаваме на тебе со љубов, тага и гордост. Почивај во мир, вечно ќе живееш во нас.

Од синот Никола и ќерката Соња со семејствата.

Тажен помен

На 14.1.2022 година се навршува една година откако не напушти нашата непрежалена

Д-р ПАВЛИНА МАРКОВСКА

14.1.2021 – 14.1.2022

Засекогаш ќе те носиме во нашите срца.

Слава ти!

Тагувајки : Ана, Слободан, Аријана, Ордан, семејствата Котевски, Марковски и Диклиќ

ГОДИШЕН ПОМЕН

МАРА ЏОЛЕВА

Ангелу мој!

Сатаната камуфлирана во Ковид -19 грубо те откина од мојата прегратка. Но таа никогаш нема да те ископа од моето битие, зошто ти вечно ќе пулсираш во моите дамари, душа и срце до нашата понова средба во бескрајното небесно синило.

Во сабота на 15.1.2022 година во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров ќе даваме годишен помен .

Сопругот Јосиф со синовите Антонијо и Ѓорги

Помен

На 16-ти Јануари 2022 година изминуваат дваесет години без нашата сакана сопруга, и мајка

ФАНИ БОРИСАВЉЕВИЌ

Недостасуваш секогаш…

Твои Милош, Ана и Биљана

Едногодишен помен

ОЛГИЦА АТАНАСОВСКА

16.1.2021-16.1.2022

Ќе те памтиме засекогаш по огромната љубов и посветеност што ни ја даваше.

Твојот син Стојче, ќерката Весна ,сестрата Стојне, зетот Виктор и внучињата Мајкл и Стефан .

 

Последен поздрав

Ги известуваме сите роднини и пријатели дека почина нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ЗОРАН ТОЗИЈА

Посмртните останки ќе бидат изложени во Капела 1 на Градските гробишта Бутел на 14.1.2022година (петок) од  12:00 до 12:30 часот.Погребот ќе се изврши во 12:30 часот.

Сопругата Фимка и ќерките Неда и Нада со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ГОРЈАН ТОЗИЈА – МЕДО

Беше дел од нашето семејство.

Од Кире и Светлана Наумови

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме сите роднини и пријатели дека почина нашиот

ГОРЈАН ТОЗИЈА – МЕДО

Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел на 15.01.2022 година (сабота) од 11 до 12 часот. Погребот ќе се изврши во 12 часот.

Ожалостени Мелита и Гого

 

ШЕСТ ГОДИНИ

 

За нашиот татко, дедо и сопруг

ВУЧИДОЛОВ ДИМЧЕ – ФУЧКА

ЗЛАТАР

Шест години тага со која не’ соочи, но биди сигурен дека секогаш си и ќе бидеш најголемиот дел од сите нас.

Со благодарност за широчината на твоето срце и твојата љубов.

 

Засекогаш твои: Бубе, Саше, Тања, Крсте, Дино, Ени и Ања

Едногодишен помен

ФИЛИМЕНА ЖИВАНОВИЌ

1951-2021

Поменот ќе се одржи во сабота 15.1.2022 година на Градските гробишта Бутел во 12 часот

Од семејството

 

 

Последен поздрав

 

На нашата

Слободанка Дуева

 

Вечно живееме во спомените на саканите.

Слава ти!

 

Славјанка Бејкова со семејството

Четириесетдневен помен

На 13.1.2022 година се навршуваат четириесет дена откако не напушти нашиот

Д-р МИЛОРАД ЈАЊЕВСКИ

По тој повод ќе го посетиме неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел , парцела 209/Е , алеа 1, гроб 1.

Ожалостени

Сопругата Оливера, синот Томо и ќерката Ана со фамилиите