ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
На 1.2.2022 се навршува една година од смртта на нашата мајка и баба

ОЛГИЦА ПОПОВА
1931-2021
Од Гевгелија
Со почит што те имавме, секогаш ќе се секаваме на твојата добрина, насмевка и верност кон фамилијата.
Почивај во мир
Од синот и керката со фамилиите.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашата баба

РАТКА БАКАЛИНОСКА
Носител на Партизанска споменица 1941 г.
Со почит од внуката Тања со семејството
ВЕЧЕН НЕПРЕБОЛ
На 30 јануари 2022 година се навршуваат четири години од прераната смрт на нашата сакана и никогаш не прежалена ќерка и сестра

ГЕОРГИЕВА КАТЕРИНА
1974-2018
Од Гевгелија
Горди сме што те имавме, а бескрајно тажни што те изгубивме.
Нека твојата племенита и искрена душа почива во мир.
Од мајката Лилјана, таткото Павле и братот Костадин.
ПОМЕН
Во понеделник, 31 јануари се навршуваат 40 дена од смртта на нашата најсакана мајка, свекрва и баба

МИРЈАНА ХРИСТОВСКА
Секогаш ќе живееш во нашите срца. Почивај во мир.
Поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 12 часот.
Од синот Атанас и ќерката Весна со семејствата.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашата баба

РАТКА БАКАЛИНОСКА
Носител на Партизанска споменица 1941 г.
Со почит од внуката Неда со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Ќе Ви бидам вечно благодарен што дозволивте да бидеме другари. Направивте толку многу за мене што ни 100 земјени животи не се доволни да Ви се оддолжам. Бевте голем и прав човек. Засекогаш ќе се сеќавам на Вас мој

Професоре АЛБЕРТО БЕНЕДЕТТИ
Јасмин со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашата баба

РАТКА БАКАЛИНОСКА
Носител на Партизанска споменица 1941 г.
Со почит од внукот Димче со семејството
ВО СПОМЕН
Денес се навршуваат четириесет тажни денови од смртта на нашиот брат, девер, чичко и дедо

БРАНКО КАЦАРСКИ
-КАЦАР-
Засекогаш ќе ни недостасуваш на сите нас.
Од братот Кокан, внуците Владимир и Мико Кацарски со семејството
СЕДУМДНЕВЕН ПОМЕН
Седумдневен помен на нашиот сакан татко, свекор и дедо

проф. д-р ЃОРЃИ СИНАДИНОВСКИ
Во недела (30ти јануари) ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата во Бутел и ќе му оддадеме почит. Благодариме за твојата љубов!
Синот Цветан и ќерката Елисавета со семејствата
ТАЖНА ВЕСТ
Ги известуваме роднините и пријателите дека на 25 јануари 2022 година почина нашата баба

РАТКА БАКАЛИНОСКА
Родена 1926 година во Битола Носител на Партизанска споменица 1941 година.
Погребот ќе биде извршен на 4.2.2022 г. во 12 часот во Алеата на великаните на Градските гробишта во Бутел.
Со љубов и почит од внуците Неда, Тања и Димче Милевски
ТАЖЕН ПОМЕН
Пред една година, на 29.1.2021 нè напушти нашиот сакан и непрежален сопруг, татко, свекор и дедо

ВЛАДИМИР ВОИНОВСКИ
Тагата е голема, недостасуваш секој ден, но спомените остануваат засекогаш.Беше почитуван човек што зрачеше со топлина, имаше убав збор и ведра насмевка. Твоите животни достигнувања, се плодна почва за следни поколенија и генерации.
Сеќавањата остануваат да живеат со нас.
Поменот ќе се изврши на 28.1.2022 во кругот на семејството.
Ожалостени
Сопругата Олга Воиновска со децата Кирил и Даниел со семејствата.
НЕПРЕБОЛ
1095 дни

Др. КАТЈА ПАУНОВСКА
Стоматолог
Катја, љубов моја.
Мајка ми ме роди.
Ти ме одгледа.
Твојот Кирил
ТАЖЕН ПОМЕН
Изминуваат 3 години од упокојувањето на нашата мајка и баба

НАДЕЖДА ТОКАРЕВА
Род. КОЦЕВА
1934-2019
Времето не ја излечи болката, ја потисна длабоко во душата и ја претвори во вечна тага и непребол.
Мила мамо, со гордост и почит те носиме во мислите, со љубов те чуваме во срцето! Ти си нашиот ангел чувар, почивај во мир!
Поменот ќе се одржи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски ” во Скопје во недела (30.1.2022) во 11 часот.
Твоите најмили Марија, Викторија и Александар
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

СЛОБОДАНКА АНТОНИЈЕВИЌ
Утре, Сабота, (29 Јануари) се навршуваат 40 дена од смртта на нашата сакана и непрежалена сопруга, мајка, свекрва и баба.
Поменот ке се одржи на градските гробишта Бутел во 12 часот
Од сопругот Богољуб и синот Игор со семејството
СЕЌАВАЊЕ
На 1.2.2022 година се навршуваат дванаесет години откако не напушти нашата сакана мајка, ќерка и сестра

ЕЛИЗАБЕТА ПОПОВСКА
По тој повод на 1.2.2022( вторник) година во 10 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе и оддадеме достојна почит.
Од синот, мајката и братот
ДВАЕСЕТГОДИШЕН НЕПРЕБОЛ
На нашиот љубен и непрежален сопруг, татко, свекор и дедо

ЖИВКО ИВАНОВСКИ
19.7.1931-26.1.2002
Годините неможат да ги избришат спомените за тебе.
Оливера со семејството
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
за нашиот сакан сопруг и татко

БОРЧЕ ТОДОРОВ
Изминуваат три тажни години од неговата прерана смрт. По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом во сабота на 29.1.2022 година на градските гробишта Бутел во 12.00 часот.
Секогаш ќе останеш во нашите мисли.
Те сакаат твоите Наде и Верица со фамилијата
ЖАЛНА ВЕСТ
Со голема болка и тага во душата им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на ден 25.1.2022 година почина нашата сакана и почитувана сопруга, мајка, нана и прабаба

АНКА МИТКОВА
Погребот е извршен на ден 26.1.2022 година на Градските гробишта Бутел.
Почивај во мир. Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца.
Од сопругот Владимир, ќерката Весна, синот Петар, снаата Татјана, внуците Игор, Ирена, Ана и Владимир, зетовците Дарко и Блаж и правнуците Галена и Рафаел.