СЕЌАВАЊЕ
Три години без нашата сестра тетка и баба

ЈЕЛЕНА МАКЕЛАРСКА
Нејзината насмевка е засекогаш врежана во нашите срца и мисли .
Сестрата Сузана, зетот Душко, Александра и Петар со семејствата
Тажен помен
На 11 мај 2024 година се навршуваат 3 години од смртта на нашата сакана и почитувана мајка, свекрва, баба и прабаба

ЉУБИЦА РАВАНОСКА
По тој повод на 11 мај (сабота) во 11 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.
Горди сме што те имавме. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца.
Од синот Пане и ќерката Сава со семејствата
ДВЕ ГОДИНИ
Без нашиот единствен

ЗОРАН АНГЕЛОВ
Ни недостасуваш секој миг.
Твоите Кате, Искра и Калина
ДВЕ ГОДИНИ

ЗОРАН АНГЕЛОВ
Фалиш куме, секој ден. Многу…
Кумашините
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со тешко срце се збогуваме со нашата сакана мајка, баба и прабаба.

МАРА КУНОВСКА
18.03.1936 - 06.05.2024
Твојата ведра насмевка засекогаш ќе остане во нашите спомени, затоплувајќи ги нашите срца и влевајќи им надеж во најтешките моменти.
Ќе те паметиме како жената што секогаш беше насмеана.
Почивај во мир.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Драга наша Баба Маре, неизмерно Ти фала за се.

МАРА КУНОВСКА
18.03.1936 - 06.05.2024
Со срца полни прекрасни спомени, но во мигов столчени од тага, се збогуваме со Тебе и Те испраќаме во вечноста.
Твојот убав глас и нежното мелодично смеење засекогаш ќе одѕвонуваат во нас, а Твоите песнички ќе им ги пренесуваме на новите генерации.
Вечна Ти слава.
Од семејството
20 ГОДИНИ ПОМЕН
Во недела, 5 ти мај во 11 часот ќе го посетиме вечниот дом на нашиот син Дејан

ДЕЈАН ЦВЕТКОВСКИ
Сине, 20 години болка, но љубовта кон тебе не престана.
Секогаш си во нашите срца.
Мајка Олга, татко Милисав и братот Сашо со фамилијата
ЖАЛНА ВЕСТ
Почина мојата сакана мајка и баба

проф. РУЖА ИЛИЌ
Ќе остане засекогаш во нашите спомени. Нејзиниот мил лик и човечка добрина ќе останат во нашите сеќавања. Почивај во мир мајко најмила. |
Жан Илиќ |
---|
|
ЖАЛНА ВЕСТ
Драги пријатели и роднини, ве известуваме дека на 29.4.2024 не напушти нашата сакана сопруга, мајка и баба

ВЕРКА ВОЛКАНОВСКА
1953-2024
Погребот ќе се одржи на 30.4.2024 на гробиштата Бардовци, со почеток во 12:00 часот.
Од семејството
ТАЖЕН ПОМЕН
На 2 мај 2024 година се навршуваат 40 дена откако почина нашиот сакан

АЛЕКСАНДАР ИВАНОВСКИ
Остана голема болка и празнина по неговото заминување.
Тој беше извонреден човек, општествен работник, градител, лекар, добротвор.
Ние изгубивме прекрасен, благороден сопруг, татко и дедо.
Беше наша гордост и ќе биде засекогаш.
Со неизмерна тага, почит и љубов,
сопругата Драгица со семејството
Во СПОМЕН
на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ЈОРДАН ЈОНОСКИ
18.12.1930-1.5.2004
На 1 Мај годинава се навршуваат 20 години откако не напушти. Празнината што ја остави со твоето заминување станува се подлабока и поширока. Тагата останува длабоко врежана во нашите мисли и срца. Многу ни недостасува твојата потпора, твојата грижа, љубов и добрината што ни ги даруваше.
Постојано си во нашите мисли и срца.
Со љубов и почит од твоите најблиски
сопругата Мими, ќерката Наташа и синот Андреја со нивните семејства
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Денес 27 април е денот на големата загуба на Тони – загуба која никогаш нема да ја заборавиме. Остави длабока празнина во нашите срца, а спомените занего ќе живеат вечно.

АНТОН БАТАЛАКОВСКИ - ТОНИ
(23.9.1945 – 27.4.2021)
Тони беше несомнено стабилност и светло во нашите семејства. Неговата мудрост и топлина ќе ни недостасуваат засекогаш. Почивај во мир Тони.
Ужалени
семејствата Ковачевски и Макеларски
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Три години непребол, наш сакан и многу почитуван сопруг, татко и дедо

АНТОН БАТАЛАКОВСКИ-ТОНИ
(1945-2021)
Горди сме што те имавме, а бескрајно тажни што те изгубивме. Ќе останеш со нас засекогаш.
Ти благодариме за сѐ.
Почивај во мир.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Мила мајко и бабо

ЈЕЛЕНА УЗУНОВА
Ќе ни недостасуваш многу.
Трајно ќе останеш во нашите сеќавања.
Нека ти е вечен поменот.
Од синот Владо и внуката Мила
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Мила мајко и бабо

ЈЕЛЕНА УЗУНОВА
Ќе ни недостасуваш многу.
Трајно ќе останеш во нашите сеќавања.
Нека ти е вечен поменот.
Од синот Душко, снаата Наташа и внуките Офелија и Тифани
ЖАЛНА ВЕСТ
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека после долго и тешко боледување почина нашата мила мајка, сопруга и баба

ЈЕЛЕНА УЗУНОВА
Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Гробиштата Бутел во недела, 28 април 2024 год. од 11 часот.
Од членовите на ужаленото семејство
До семејството Џаровски и сите пријатели што го опкружуваа Џаро
Во овие моменти на неизмерна тага, би сакал да искажам искрено и длабоко сочувство од мое лично име и од име на вработените во компаниите кои сум ги раководел во минатото и ги раководам денес.
Џаро беше мој пријател, дел од мојот професионален и од приватниот живот. Ќе ми недостига многу. Ќе го носам во своите мисли и сеќавања и за мене ќе остане пример за исклучителен човек.

Велибор Џаровски –Џаро
Благодарен сум што го познавав.
Светозар Јаневски