ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ВЛАДИМИР ПАНКОВ- ШИПКА
Горди сме што те имавме, бескрајно тажни што те изгубивме. Нека ти е светол патот, засекогаш ќе бидеш дел од нашите срца и сеќавања.
Засекогаш твои, Марика, Златко и Жарко
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
За мојата прва и последна љубов, со благодарност за прекрасните 60 години заеднички живот

ВЛАДИМИР ПАНКОВ- ШИПКА
Дипломиран инжинер архитект
10.9.1935-10.4.2024
Последен поздрав на 11.4.2024 во 13.30-14.30 во Капела, гробишта Бутел.
Засекогаш твоја, сопругата Марика
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата школска другарка

НАВСИКА
Спомените на моментите поминати со тебе засекогаш ќе останат со нас.
Почивај во мир, сочувство до семејството.
Од другарките од економското училиште Борис Кидрич
НЕЗАБОРАВ

ДРАГИЦА И САВА МАТИЌ
Со пиетет и љубов кон вас за убавите заеднички години шти ги минувавме заедно.
Останувате вечно во нашите мисли и спомени.
Почивајте во мир.
Од Весе Хаџи Андоновски со семејството од Битола
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
На ден 9.4.2024 се навршуваат три години од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ЗВОНИМИР СПАСИЌ
1937-2021
Горди сме што те имавме, а бескрајно тажни што те изгубивме.
Почивај во мир.
Поменот ќе се одржи на 9.4.2024 во 11 часот пред неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел.
Со љубов и вечен спомен од сопругата Јелица, синот Драган и ќерката Снежана со семејството
ПОМЕН
Пет години непребол наш сакан сопруг, татко и дедо

Д-р. ЖИВКО ГРЧЕВСКИ
1939-2019
Ти благодариме за сета несебичност и љубов.
Беше и ќе останеш со нас засекогаш.
Почивај во мир.
Од семејството Грчевски
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
Изминуваат 40 дена откако не напушти нашиот

ПЕРО ЈАКШЕСКИ
1930-2024
По тој повод, на 7.4.2024 година (недела) во 11 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.
Почивај во мир.
Од синот Илија
IN MEMORIAM

Др. ВЕСНА ВАЈС ПАВЛОВ
Беше племенита душа! Добар човек! Искрен! И чесен !
Накусо: ги поседуваше сите суштествени човекови одлики.
Почивај во мир!
Елена Градишки
IN MEMORIAM

МИТРЕ ГАЦОСКИ
дипл. рудар. Инг.
1969 година
.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Др.Златко Стојковски
Радиолог
Нашето семејство изгуби повеќедецениски пријател и прекрасен човек на кого засекогаш ќе се сеќаваме со пиетет и ќе го спомнуваме со најубави зборови.
Од Татјана Лучко Јовановиќ со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Др.Златко Стојковски
Радиолог
Изгубивме сакан и почитуван пријател, глас и стас. Почивај во мир сакан наш.
Од Рита и Миро Јовановиќ со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Др.Златко Стојковски
Радиолог
Ќе ни недостасува твоето пријателство, оптимизам и насмевка. Почивај во мир.
Од Владимир Јовановиќ со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На 31.03.2024 година го испративме до вечниот дом нашиот сакан сопруг и татко

Др.Златко Стојковски
Радиолог
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Помина една година откако засекогаш нè напушти нашиот сакан татко и сопруг

МИЛЕ МИЛЕНКОВСКИ
1955-2023
По тој повод, на 6.4.2024 (Сабота) во 12:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.
Од сопругата Оливера и ќерката Бојана со семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека на 30.3.2024 година по кратко боледување почина нашата сакана сопруга, мајка и баба

НАВСИКА ПЕТРОВСКА
Погребот ќе биде извршен во вторник на 2.4.2024 година на Градските гробишта Бутел од 12 до 13 часот во капела.
Засекогаш ќе останеш во нашите срца, мисли и сеќавања.
Од сопругот Стојан, ќерката Маја со семејството и синот Никола со семејството
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Помина една година откако засекогаш не напушти нашиот сакан

МИРОСЛАВ МИЧО САЛОМ
(1946-2023)
Поменот ќе се одржи на 2 април 2024, во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.
Од семејството
СЕЌАВАЊЕ

ВЛАДИМИР РАЛЕВ
2016-2024
Поминаа 8 години од Твоето заминување!
И натаму си во нашите мисли и сеќавања!
Твоите добри дела не се забораваат!
Беше голем човек, за сите како и за Твојата Македонија!
Твојата порака беше:
ДА ИМАМЕ ЧИСТ ГРАЃАНСКИ УСТАВ, МАКЕДОНИЈА Е ТАТКОВИНА НА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ЖИВЕАТ ВО НЕА, КАКО И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, И ПИСМО ДА БИДАТ ОФИЦИЈАЛНИ!
Братот Ристо Ралев и сестрата Петкова Верица