ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока жал ги известуваме сите роднини и пријатели дека почина нашата сакана
прим. д-р МИРЈАНА АЏИЌ
Погребот ќе се одржи на 18.10.2023 година од 13:30 до 14:30 часот во Капела на Градските гробишта Бутел.
Од Фамилијата Аџиќ
ТАЖЕН ПОМЕН
Се навршуваат три години откако нé напушти нашиот драг
ТОМЕ ДРАКУЛЕВСКИ
1932-2020
По тој повод на 15.10.2023 година(недела) во 13 часот ќе положиме свежо цвеќе на неговиот вечен дом.
Почивај во мир.
Сопругата Иванка, синовите Слободан и Љубомир со семејствата
Едногодишен помен
ИВАН БОШНАЧКИ
1932-2022
Горди сме на тебе. Остануваш засекогаш во нашите мисли и срца.
Од сопругата Павлина и синот Драган
ПОМЕН
Две години без нашиот сакан
м-р СТЕВАН ОГНЕНОВСКИ
1948-2021
Празнината во нас ја исполнуваме со спомените за твојата љубов, твоите дела, поддршката, посветеноста и грижата за нас.
Бескрајно те љубиме.
Почивај во мир.
Сопругата Маргарита со семејството
Сеќавање
Зорица Петровска
2013-2023
Засекогаш во нашите срца и мисли.
Од семејството
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
ЗОРА ПАРТЕНОВА
1933 - 2023
Сестро моја, убавите спомени останаа во мене. Имав 4 години а ти 13 години, кога ми стана втора мајка.
Ти благодарам што се грижеше за мене.
Твојот брат Васко со Савче, Катерина и Розита
Жална вест
Со неизмерна тага во нашите срца ви соопштуваме дека на ден 07.10.2023 почина нашиот сакан
БОРКО ПЕТРЕСКИ
Погребот ќе се одржи на 09.10.2023 (понеделник) на Градските гробишта Ѓорче Петров во 12 часот во Капелата. Спомените за тебе засекогаш ќе останат во нашите сеќавања.
Од семејството
СЕЌАВАЊЕ
36 години без нашиот
ТИХОМИР АНЧЕВ
1915-1987
Засекогаш во нашите срца и мисли.
Ана Анчева Адамчевска и Мирче Адамчевски со децата и нивните семејства
СЕЌАВАЊЕ
20 години без нашата
МИЛКА АНЧЕВА
1922-2003
Засекогаш во нашите срца и мисли.
Ана Анчева Адамчевска и Мирче Адамчевски со децата и нивните семејства
СЕЌАВАЊЕ
ДИМИТРИЈЕ БОШНАКОВ - ЛАБУД
1951-2023
Ни одлета во вечноста школски.
Од твоите другарки и другари од гимназијата “Јосип Броз-Тито” матурантите од 1971
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На 9.10.2023 година се навршуваат 17 години од смртта на нашиот сакан и единствен брат
др. МИХАЈЛО ГОНЕВ
(др. МИКИ) од Свети Николе
Се тече, се се менува, само спомените од заедничкиот живот што го поминавме со тебе остануваат вечни.
Твоите сестри : Верица Бојковска ( Гонева) од Куманово и Нада Давчева ( Гонева) од Скопје со своите семејства
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На 7.10.2023 (Сабота) ќе се одржи шестмесечен помен на нашиот сакан татко и сопруг
МИЛЕ МИЛЕНКОВСКИ
1955-2023
По тој повод, на 7.10.2023 (Сабота) во 12:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.
Од сопругата Оливера и ќерката Бојана со семејството.
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока тага им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на 2.10.2023 година почина нашата сакана сопруга, ќерка и сестра
СИЛВИ МИЛОСАВЉЕВИЌ
Погребот ќе се одржи на 4.10.2023 на Градските гробишта Бутел во 13 часот во Капелата.
Горди сме што те имавме.
Засекогаш ќе останеш во нашите срца.
Од фамилијата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата мила комшика
СИЛВИ
Нека ти е светол патот.
Руска и Небојша
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на мојата сакана братучетка
СИЛВИ
Почивај во небесниот рај.
Јулија со фамилијата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата најсакана баба
НАДЕЖДА ХРИСТОВА ГЕРАСИМОВСКА
(13.2.1934-30.9.2023)
Драга бабо,
Ти благодариме на сета љубов која постојано ни ја даваше и на твоите бесценети животни совети. Ти ќе ни останеш пример за борбеност, упорност, самодоверба и гордост.
Многу научивме од тебе! Нека ти е светол патот!
Од твоите најсакани внуци: Билјанче, Анастазија и Тео
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
НАДЕЖДА ХРИСТОВА ГЕРАСИМОВСКА
(13.2.1934 - 30.9.2023)
Денес се простуваме од тебе, и се чувствуваме тажни, но и многу благодарни што те имавме и те сакавме долго.
Горди сме што те имавме за предводник, за пример, за поддршка.
Ќе ни недостасуваш многу, но во мислите ги имаме твоите зборови, твоите идеи, твојата светлина.
Ти благодариме многу за се.
Погребот се одржа на 02.10.2023 во 13 часот на Градските гробишта во Бутел.
Почивај во мир
Од ќерките Весна и Билјана со семејствата
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
На ден 03.10.2023 година (вторник) ќе се одржи четириесетдневен помен за нашата мила и непрежалена мајка, баба и свекрва
МАРИКА ЈОСИФОВСКА
(01.9.1934- 25.8.2023)
Поменот ќе се одржи на гробиштата Бутел, во 11 часот.
Мила мамо и бабо.. многу, многу ни недостасуваш… почивај во мир