врати се на Слободен Печат

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

ЗОРА ПАРТЕНОВА

1933 - 2023

Сестро моја, убавите спомени останаа во мене. Имав 4 години а ти 13 години, кога ми стана втора мајка.

Ти благодарам што се грижеше за мене.

Твојот брат Васко со Савче, Катерина и Розита

Жална вест

Со неизмерна тага во нашите срца ви соопштуваме дека на ден 07.10.2023 почина нашиот сакан

БОРКО ПЕТРЕСКИ

Погребот ќе се одржи на 09.10.2023 (понеделник) на Градските гробишта Ѓорче Петров во 12 часот во Капелата. Спомените за тебе засекогаш ќе останат во нашите сеќавања.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

 36 години без нашиот

ТИХОМИР АНЧЕВ

1915-1987

Засекогаш во нашите срца и мисли.

Ана Анчева Адамчевска и Мирче Адамчевски со децата и нивните семејства

СЕЌАВАЊЕ

20 години без нашата

МИЛКА АНЧЕВА

1922-2003

Засекогаш во нашите срца и мисли.

Ана Анчева Адамчевска и Мирче Адамчевски со децата и нивните семејства

СЕЌАВАЊЕ

ДИМИТРИЈЕ БОШНАКОВ - ЛАБУД

1951-2023

Ни одлета во вечноста школски.

Од твоите другарки и другари од гимназијата “Јосип Броз-Тито” матурантите од 1971

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

На 9.10.2023 година се навршуваат 17 години од смртта на нашиот сакан и единствен брат

др. МИХАЈЛО ГОНЕВ

(др. МИКИ) од Свети Николе

Се тече, се се менува, само спомените од заедничкиот живот што го поминавме со тебе остануваат вечни.

Твоите сестри : Верица Бојковска ( Гонева) од Куманово и Нада Давчева ( Гонева) од Скопје со своите семејства

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

На 7.10.2023 (Сабота) ќе се одржи шестмесечен помен на нашиот сакан татко и сопруг

МИЛЕ МИЛЕНКОВСКИ

1955-2023

По тој повод, на 7.10.2023 (Сабота) во 12:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.

Засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли.

Од сопругата Оливера и ќерката Бојана со семејството.

ЖАЛНА ВЕСТ

Со длабока тага им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на 2.10.2023 година почина нашата сакана сопруга, ќерка и сестра

СИЛВИ МИЛОСАВЉЕВИЌ

Погребот ќе се одржи на 4.10.2023 на Градските гробишта Бутел во 13 часот во Капелата.

Горди сме што те имавме.

Засекогаш ќе останеш во нашите срца.

Од фамилијата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата мила комшика

СИЛВИ

Нека ти е светол патот.

Руска и Небојша

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на мојата сакана братучетка

СИЛВИ

Почивај во небесниот рај.

Јулија со фамилијата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата најсакана баба

НАДЕЖДА ХРИСТОВА ГЕРАСИМОВСКА

(13.2.1934-30.9.2023)

Драга бабо,

Ти благодариме на сета љубов која постојано ни ја даваше и на твоите бесценети животни совети. Ти ќе ни останеш пример за борбеност, упорност, самодоверба и гордост.

Многу научивме од тебе! Нека ти е светол патот!

Од твоите најсакани внуци: Билјанче, Анастазија и Тео

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

НАДЕЖДА ХРИСТОВА ГЕРАСИМОВСКА

(13.2.1934 - 30.9.2023)

Денес се простуваме од тебе, и се чувствуваме тажни, но и многу благодарни што те имавме и те сакавме долго.

Горди сме што те имавме за предводник, за пример, за поддршка.

Ќе ни недостасуваш многу, но во мислите ги имаме твоите зборови, твоите идеи, твојата светлина.

Ти благодариме многу за се.

Погребот се одржа на 02.10.2023 во 13 часот на Градските гробишта во Бутел.

Почивај во мир

Од ќерките Весна и Билјана со семејствата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На ден 03.10.2023 година (вторник) ќе се одржи четириесетдневен помен за нашата мила и непрежалена мајка, баба и свекрва

МАРИКА ЈОСИФОВСКА

(01.9.1934- 25.8.2023)

Поменот ќе се одржи на гробиштата Бутел, во 11 часот.

Мила мамо и бабо.. многу, многу ни недостасуваш… почивај во мир

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ДУШКО БОЖИНОВСКИ

1952-2023

Благодариме што беше дел од нашиот живот,премногу ќе ни недостасуваш.

Рано си замина, но секогаш ќе останеш во нашите сеќавања.

Од семејството, ќерката, зетот и внуките

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Изминува една година откако почина нашиот сакан татко

СТЕВАН МАРКОВСКИ

По тој повод на 1.10.2023 година (недела) во 12 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе му оддадеме достојна почит.

Со неизмерна љубов и почит, ќерката Оле и синот Звонко со семејствата

НЕПРЕБОЛ

На ден 21.9.2023 со голема тага и болка се простивме од нашиот сакан сопруг, татко и дедо

Инж. СОКОЛЕ Ј. ИВАНОСКИ

Почивај во мир.

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

На 30.9.2023 (Сабота) се навршуваат шест месеци од смрта на нашата мила и сакана мајка,баба и прабаба

ВЕРА ДОМАЗЕТОВСКА

По тој повод на 30.9.2023 (Сабота) во 11.00 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе и оддадеме достојна почит.

Со неизмерна љубов и почит , синовите Зоран и Драган со семејствата

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Изминуваат три години откако почина саканиот син

ЗОРАН ТРАЈКОВСКИ

По тој повод на 30.9.2023 год. (сабота) ќе се одржи помен на Градските гробишта Куманово во 11 часот. Ги повикуваме роднините и пријателите да дојдат на неговото вечно почивалиште да оддадеме почит.

Од мајката Надежда Трајковска