врати се на Слободен Печат

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

Десет години од смртта на мојата сакана сопруга

ЛИДИЈА ДМИТРОВИЌ

11.07.1953,Скопје - 05.10.2012,Скопје

Зоран Дмитровиќ

НЕПРОБОЛ

 На 01.10.2022 година изминуваат две години од смртта на

ВЕРА ЈАНЕВСКА

Беше прекрасна личност, мајка, баба, свекрва, пријателка. Остануваш вечно во нашите спомени, сеќавања на убавите моменти поминати со тебе.

Од синовите Владимир и Дарко со фамилиите

 

НЕПРЕБОЛ

Шест месеци на неизмерна тага и огромна болка, без Тебе, столбот на нашата фамилија, пример за посветеност, пожртвуваност и чесност

ТАШИ ШЕКЕРОВ

Огромна е болката без тебе, сеуште не сме свесни дека те нема.

Насекаде околу нас е присутен твојот благороден лик, поддршка што ни ја даваше, Ти го трасираше патот по кој треба да работиме, учиме, да се жртвуваме за фамилијата и најблиските.

Пат кој сега го следат твоите ученици, твоите најмили внуци Марио и Лука.

Таши, ти беше незаборавен сопруг, татко, свекор и дедо, твоите дела Те прават незаборавен и вечен!

Со љубов и почит засекогаш твоите Боркица, Ѓоко, Марио и Лука

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

На нашата мил, сакан, почитуван и никогаш незаборавен  татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

По тој повод, на 01.10.2022 год. (сабота) во 11:00 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме достојна почит и положиме свежо цвеќе.

Засекогаш ќе те носиме во нашите срца.

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука

СЕЌАВАЊЕ

БЛАГИЦА ЗЛАТКОВСКА

Мед.сестра

(1947-2022)

54 годишен брак и семејство во заедништво исполнето со скромност, толеранција и почит ни овозможи да ги решаваме сите многубројни предизвици и искушенија и заедно да се радуваме. Но, со својата смрт Баже ми остави бол, тага и солзи.

Твојот сопруг проф.социолог Иван Златковски

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една година без нашиот сакан сопруг, татко и дедо

ПЕТАР ГЕОРГИЕВ

Помина една долга и тажна година откако не си со нас. Година исполнета со сеќавања на човекот кој ни подари чесност, добрина и љубов кон блиските и животот. Твојот лик, благородна душа и срце засекогаш ќе бидат врежани во нашите сеќавања, вечно ќе ги споменуваме и чуваме се додека постоиме. Горди сме што те имавме. Почивај во мир.

По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом на 1.10.2022 година (сабота) во 11:45 часот на Градските гробишта  Ѓорче Петров и ќе му оддадеме достојна почит и благодарност за се што сторил за нас.

Сопругата Нада со синовите Антонио и Роберт, снаата Даниела и внукот Александар

ЖАЛНА ВЕСТ

Со длабока жал им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашата мила мајка, сопруга и баба

НЕВЕНКА СТОЈАНОВСКА

почина на ден 28.9.2022 година на 73 годишна возраст.

Погребот ќе се изврши на ден петок 30.9.2022 година на гробиштата во Ѓорче Петров во 12 часот.

Од сопругот Благој со синовите Бобан, Игор и Глигор.

 

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Помина долга и тешка година откако прерано не напушти и

се уште е тешко без тебе

ЛИЛЈАНА ЈАЌОСКА

Вечно ќе се сеќаваме на љубовта,

грижата, пожртвуваноста и разбирањето што го имаше за нас.

Со неизмерна тага и вечен спомен, од сопругот Душан, синот

Драгољуб, ќерката Александра и ќерката Елена со семејството.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот драг колега

ВЛАДИМИР МИХАЈЛОВСКИ-ПАПС

(1949-2022)

Ни беше драго што беше дел од нашите животи.

Почивај во мир.

Од колегите од Ватростална

СЕЌАВАЊЕ

Денес се навршуваат 40 дена откако тивко не напушти нашата тетка

ОЛИВЕРА ГЕОРГИЕВСКА

Род. АНЧЕВА

Почивај во мир тето

Соња и Лале

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ВЛАДИМИР МИХАЛОВСКИ –ПАПС

Со гордост ќе Те споменуваме и сеќаваме, со љубов ќе те чуваме во нашите срца.

Многу ќе ни недостасуваш, почивај во мир.

Ќерката Биљана и зетот Владица со внуците Дарко и Јована

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ВЛАДИМИР МИХАЈЛОВСКИ

(1949-2022)

Драги мој Влајо

Ќе ни недостигаш, но нема да бидеш заборавен.

Споменот на твојата чесна и праведна душа ќе остане за навек со нас.

Михајло со семејсвото

ЖАЛНА ВЕСТ

ВЛАДИМИР МИХАЈЛОВСКИ-ПАПС

1949-2022

Не напушти и покрај тоа што беше борец  до крај.

Твојот ведар лик вечно ќе остане во Нашите срца.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на ден 28.9.2022 од 13 часот, а погребот ќе се изврши во 14 часот.

Почивај во мир, мил Наш Папс.

Сопругата, децата и внуците

СЕЌАВАЊЕ

На 28.9.2022 година се навршуваат десет години од смртта на нашиот сакан брат и вујко

ДИМИТАР ДОКОВСКИ

Со љубов и почит.

Сестрите Боте и Бубе и внуците Панче и Маријан со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

Изминаа пет години од смртта на нашата сакана сопруга, мајка и баба

СНЕЖАНА АРСОВА

Секогаш си во нашите срца и мисли.

Ти благодариме за се, бескрајно ни недостасуваш.

Остануваат убавите спомени и сеќавања засекогаш.

Сопругот Љупчо, синовите Александар и Владимир со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

На нашиот сакан сопруг и татко

Проф.д-р АРИТОН ЖИКОВ

25.9.2002-25.9.2022

Поминаа дваесет години откако не напушти и сеуште е тешко без тебе. Ти благодариме за љубовта, грижата и разбирањето што го имаше за нас.

Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца.

Со љубов и почит.

Сопругата Боте и синовите Панче и Маријан со семејствата

 

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една година откако не напушти нашиот почитуван сопруг, татко и дедо

ДРАГАН НАУМОВ

Поменот ќе се одржи на 25.9.2022 година( недела) во 11 часот на Градските гробишта Бутел.

Од сопругата Левка, децата Кети и Кире со фамилиите

ТАЖЕН ПОМЕН

Поминаа 40 тажни денови откако засекогаш не напушти нашата  сакана сестра

Д-р РОЗА ТАШКОВА ДОДЕВСКА

(1947-2022)

Мила Розе,

Голема е празнината што ја остави зад себе.

Многу ни недостасуваш, ни недостасува твојот глас, твојата добрина, поддршка, совет.

Нашата љубов кон тебе е неизмерна и секој ден си во нашите мисли и срца.

Почивај сестричке сега во мир.

Од сестрите Стефка и Бети со семејствата