врати се на Слободен Печат

СЕЌАВАЊЕ

Се навршуваат 30(триесет) години од смртта на нашиот сакан

ЃОКО ПЕТРОВСКИ

Од најблиските

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ЕЛЕНА ДАНЕВСКА

(1958-2022)

Со заминувањето на нашата Елена, КСЦ изгуби извореден сметководител и незаменлив колега, како и ценет пријател. Ќе ни остане во вечно сеќавање по својот сестран однос, професионализам и човечност кон колегите, клиентите и воопшто кон сите.

Од колегите Конгресен Сервисен Центар

СЕЌАВАЊЕ

МЕТОДИ СИМЕОНОВ

1992-2022

Годините минуваат но сеќавањата за тебе остануваат засекогаш.

Од семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

БИЉАНА ГРУЕВСКА

1954-2019

Немоќни да ја исклучиме од нашите секојдневни мисли и спомени, како да стануваме свесни дека вистинската големина на најблиските ја осознаваме дури откако ќе ги изгубиме.

Нејзините најблиски

ТАЖЕН ПОМЕН

На 24.10.2022 година се навршуваат две години откако нé напушти нашиот драг

ТОМЕ ДРАКУЛЕВСКИ

По тој повод семејството ќе положи свежо цвеќе на неговиот вечен дом.

Почивај во мир

Сопругата Иванка, синовите Слободан и Љубомир со семејствата

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

Деновиве се навршуваат педесет години без нашиот татко и папу

ФИЛИП НИКОЛОСКИ

Адвокат од Битола

Вечно благодарни за се што ни значеше.

Со љубов и почит

Ќерката и внуките

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

ИВАН ЗЕЛЕНКОВСКИ

1925-2019

Секогаш и засекогаш во нашите мисли и спомени.

Почивајте во мир!

Од ќерката Вероника

НЕПРЕБОЛ

МАРЈАН КУПЕНКОВ

2001-2022

Бескрајно ни недостасува Твојата љубов, ентузијазам и гордост со која не даруваше.

Бранкица, Трајче и Горан со фамилијата

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

ЗОРА ЗЕЛЕНКОВСКА

1929-2002

Секогаш и засекогаш во нашите мисли и спомени.

Почивај во мир!

Од ќерката Вероника

ЖАЛНА ВЕСТ

Со тага ве известуваме дека на 19.10.2022 година година почина нашата

МАРИЈА ГРУЈОВСКА

Погребот е извршен на 21.10.2022 година на Градските гробишта  во Бутел

Од семејството

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На 27 Октомври се навршуваат 40 дена од смртта на

БОРИС ИЦЕВСКИ

Поменот ќе се одржи во 12 часот на гробиштата Бутел.

Од Семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

На нашиот почитуван и сакан татко, свекор и дедо

ДАСКАЛОВСКИ РИСТО

По тој повод на 22.10.2022 година (сабота) ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта во Бутел да му оддадеме достојна почит.

Од синот Синиша со семејството и снаата Борка со семејството

ПОМЕН

Навршија девет дена од смртта на нашата мила сопруга, мајка, баба и прабаба

ДОНКА ПОПОСКА

1944-2022

Почивај во мир.

Од семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

Со неизмерна тага и болка ве известуваме дека на ден 18.10.2022 година почина неочекувано нашиот сакан татко и дедо

 

АНГЕЛ ПОП – СТЕФАНОВ

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на ден 20.10.2022 година од 10:30-11:30 часот.

Засекогаш во нашите срца.

Од фамилијата

НЕПРЕБОЛ

И по 16 години не боли разделбата со Тебе, наша најмила

САНДРА КИТАНОСКА

Не боли прегратката која беше посебна… Не боли твојата насмевка, која во нашите срца ја носиме… Тагата не стивнува, болката не здивнува… Се сеќаваме на Тебе и никогаш нема да те заборавиме…

Те сакаат мама, тато, Биби, Жика, Бисера и Деница

ГОДИШЕН ПОМЕН

Помина една година без нашиот сакан и почитуван сопруг, татко и дедо

ЃОРЃИЈА КОЈДОВСКИ

1948-2021

По тој повод во сабота 22.10.2022 година во 11 часот на гробиштата во Камник , ќе  положиме свежо цвеќе и оддадеме почит.

Од сопругата Ордена, ќерката Маја и синот Јане со семејствата

 

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме роднините и пријателите дека во понеделникот почина нашиот татко, дедо и свекор

 

СТЕВКО ЦВЕТКОВСКИ

Погребот ќе биде во Бутел, на новите Католички гробишта, на 19.10.2022 (среда), а простувањето во капела ќе биде од 13:30 до 14:30 часот.

Нека почива во мир Божји!

Од ожаленото семејство Цветковски

ЕДИНАЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН

Беше и остана звезда водилка во мојот живот

РАДМИЛА МЛАДЕНОВИЌ

1924-2011

ДРАГАНА