врати се на Слободен Печат

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот најмил татко и дедо

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Ни беше неисцрпна инспирација, учител и водилка во животот. Засекогаш ќе живееш во нашите срца преку спомените.

Од ќерката Анита, зетот Дејан и внуците Кристијан и Марко

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот најмил татко и дедо

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Почивај во мир жилав борецу, најголем учителу и енциклопедијо. Вечно ќе ни недостига твојата енергија, остар ум и љубовта кон семејството.

Со љубов и почит од ќерката Билјана, зетот Петар, внуките Моника и Карина

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Татко мој, се бореше лавовски до последниот миг, знаеше дека оставаш недовршени работи на овој свет кој го менуваше со своите пронајдоци и животни принципи, но остави аманет и патоказ како треба да продолжиме понатаму за доброто на сите.

Ќерката Верче со внуките Фросина и Антонела , зетот Виктор и правнуците

ТАЖНА ВЕСТ

Се известуваат сите роднини,пријатели и колеги дека на 05.08.2022г. не напушти нашиот татко, дедо и прадедо

ТРАЈЧЕ ЧЕКОРОВ

Човек борец ,голем професионалец и заштитник на фамилијата. Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата во Бутел на 06.08 од 11.00 часот. Погребот ќе биде после тоа на гробиштата во Камник.

Од Ќерките Верче,Билјана и Анита, зетовците Петар и Дејан и внуците.

 

СЕЌАВАЊЕ

Прим.д-р СТЕФАН ТАЛЕВСКИ

Сеќавањата на тебе, се спомени полни со спокој…а најважно остварени соништа со кои ја живееме твојата семејна преданост.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

На ден 07.08.2022 година се навршуваат 25 години од прераната смрт на нашата сопруга, мајка и баба

Д-р НИКОЛИНА СПРОСТРАН – ПРЧКОВ

Секогаш си во нашите мисли сакана и почитувана.

Сопругот Митко, синот Мирко, и ќерката Билјана со семејството

СЕЌАВАЊЕ

Поминаа 20 тажни години без нашиот сакан и никогаш незаборавен сопруг, татко, свекор и дедо

ЉУПЧО БОЈАЏИСКИ

Фамилија Бојаџиски

СЕЌАВАЊЕ

Изминаа петнаесет години од заминување на нашиот татко

ЗОРАН ПОПОВСКИ

Новинар

1937 – 2007

Посебните луѓе оставаат трага позади себе што се памети, големите луѓе со големи срца и умови.

Таков беше и ти. Нема ден да помине а да не си ни во мислите.

Ќерките Татјана и Александра со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

на нашиот

ИВАН СОКОЛОВСКИ

Времето поминува, но спомените остануваат вечни.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

на нашата

ВЕЛИКА СОКОЛОВСКА

Времето поминува, но спомените остануваат вечни.

Од семејството

ДВОГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршуваат две години од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

РИСТО РИЧЛИЕВ

По тој повод, на 06.08.2022 година во 09:00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел да положиме свежо цвеќе.

Те носиме во нашите срца и мисли. Почивај во мир.

Од семејството.

СЕЌАВАЊЕ

На ден 5.8.2022 година се навршуваат 27 години од смртта на нашиот сопруг, татко и дедо

Проф. Д-р ВУЛНЕТ СТАРОВА

Големите луѓе како тебе вечно живеат, те красеше чесност, хуманост и љубовта кон луѓето.

Сопругата Милена и ќерката Розана со семејството

СЕЌАВАЊЕ

На 05.08.2022 се навршуваат 20 години од смртта на

Др. ПАВЛЕ ПОПОВСКИ

Примариус по Медицина на трудот

Многу често се потсеќаме на неговиот ведар дух и чувството за хумор, на неговата благородност, добрина и ширина, на неговата постојана спремност да помогне со совет како мудар човек или како доктор со своето неверојатно искуство и талент во најразлични области на медицината, на неговата гостоприемливост и дружељубие

Иван Поповски

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Изминаа три години откако нѐ напушти нашиот сакан и почитуван татко, свекор и дедо

Прим. Д-р МИЛАН МИЛАНОВ

Поменот ќе биде во сабота на 06.08.2022 година во 10:30 часот во црквата Свети Јован Крстител во Скопје.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

Измина една тажна година од физичкото заминување на нашиот сакан сопруг и татко

ИВАН МИНЕВ

1931-2021

Година помина, останаа убавите спомени и сеќавања засекогаш во нас.

Почивај во мир ‚‚Голем човек – со благородно срце‚‚, но големите луѓе не умираат остануваат вечни.

Сопругата Силвија и синот Дио

ПОМЕН

Помина една година без мојот брат

АЛЕКСАНДАР КОНЕВ

Неизмерната болка и љубов засекогаш ќе останат во сите нас.

Поменот ќе се одржи во недела, 31 јули во 9 часот на неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел.

Сестрата и ќерката Корнелија со семејството

ПОМЕН

Поминаа шест месеци без мојата мајка

НАДЕЖДА КОНЕВА

Неизмерната болка и љубов засекогаш ќе останат во сите нас.

Поменот ќе се одржи во недела, 31 јули во 9 часот на  нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел.

Сестрата и ќерката Корнелија со семејството

ПОМЕН

Поминаа пет години без мојот татко

КРУМЕ КОНЕВ

Неизмерната болка и љубов засекогаш ќе останат во сите нас.

Поменот ќе се одржи во недела, 31 јули во 9 часот на неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел.

Сестрата и ќерката Корнелија со семејството