врати се на Слободен Печат

СЕЌАВАЊЕ

На 19 јуни се навршуваат 6 години откако нѐ напушти нашата сакана сопруга, мајка и баба

ВАСИЛКА ЦИКЛЕВСКА САЛОМ

По тој повод ќе и оддадеме почит на гробиштата во Ѓорче Петров и ќе положиме свежо цвеќе на нејзиниот вечен дом.

Од семејството

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршува една година откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва и баба

 

Д.р НАДА СТЕФАНОВА СПАСОВА

По тој повод ќе го посетиме нејзиниот вечен дом да и оддадеме неизмерна почит и љубов.

Од твоите Игор, Дејан, Наташа, Владе и Александар.

 

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршува една тажна година откако не напушти нашата сакана тетка и баба.

Д.р НАДА СТЕФАНОВА СПАСОВА

Измина една тажна година без тебе, но спомените се вечни.

По тој повод ќе го посетиме твојот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе. Вечен спомен тете!

Биби, Диме, Калина и Александра

 

IN MEMORIAM

Се навршуваат  26 години од смртта на мојот сопруг

ХАЏИ КОСТОВ ТОМАС

Дипл.инг. технолог

1939-1996

Повторно помина уште една година, но за толку сум поблиску до тебе. До нашата средба на ѕвезденото небо, почивај во мир најмил мои.

Вечно ожалостена сопруга,

Снежана Хаџи Костова

IN MEMORIAM

Се навршуваат 13 години од прераната смрт на мојот син единец

ХАЏИ КОСТОВ ВИКТОР

Дипл.инг. технолог

1978-2009

Повторно помина уште една година, но за толку сум поблиску до тебе. До нашата средба на ѕвезденото небо, почивај во мир најмил мој.

Вечно ожалостена мајка,

Снежана Хаџи Костова

ГОДИШЕН ПОМЕН

На нашиот мил, сакан, почитуван и никогаш незаборавен брат, шура, вујко и дедо

Д-р. СЛОБОДАН ВАСЕВСКИ

хирург од Скопје

По тој повод на 18.6.2022 година (сабота) во 11 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел, ќе положиме свежо цвеќе и ќе му оддадеме достојна почит.

Со почит

Сестрата Гордана, зетот Панче, внуците со нивните семејства

IN MEMORIAM

Во знак на сеќавање на

ТАЛЕ ОГНЕНОВСКИ

10 години

1922-2012

Те чуваме во спомените.

Почивај во мир.

Снаата Маргарита со семејството

IN MEMORIAM

Во знак на сеќавање на

НЕВЕНА ОГНЕНОВСКА

50 години

1922-1972

Те чуваме во спомените.

Почивај во мир.

Снаата Маргарита со семејството

СЕЌАВАЊЕ

МИТКО ЧУЧЕВСКИ

1975-1992

Цели 3 децении поминаа без Тебе Митко и со празнината во нашите срца.

Но Ти живееш со нас во нашите убави сеќавања на твојата љубов, искреност, милост…

Не постои величина со која може да искажеме колку Те сакаме и колку ни фалиш…

Од Твоите најмили, Родителите Марга и Ѓорѓи, сестрата Наташа со Ванчо, Драгана и Драган

СЕЌАВАЊЕ

На нашиот мил и почитуван вујко и дедо

Д-р. СЛОБОДАН ВАСЕВСКИ

хирург од Скопје

Со почит

Внуците Игор и Младен со нивните семејства

IN MEMORIAM

ГЕОРГИ ПАНОВСКИ

пет години и шест месеци

Ќерките Радмила и Соња со семејствата

IN MEMORIAM

КИЧА БОРОЗАН ПАНОВСКА

Осум години

Ќерките Радмила и Соња со семејствата

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме сите роднини и пријатели дека на ден 16.06.2022 година почина нашата сакана мајка и баба

ОЛГА КУЛИЌ ЈЕВЃОВИЌ

Погребот ќе се изврши на градските гробишта Бутел на 18.06.2022 во 9 часот.

Од семејството

 

 

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН  

ЕЛЕНА НАУМОВСКА ЈАЌОВСКА

Поменот ќе биде во сабота 18 јуни на Градските гробишта во Бутел.

Од Загорка, Блашка, Соња и Ристо

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН  

ЕЛЕНА НАУМОВСКА ЈАЌОВСКА

Поменот ќе се одржи на ден 18.6.2022 (сабота) во 11:00 ч на Градските гробишта во Бутел.

Од сопругот

СЕЌАВАЊЕ   

Се навршуваат шест месеци од смртта на нашиот драг брат, девер, чичко и дедо

БРАНКО КАЦАРСКИ

Ни остануваш во сеќавање засекогаш.

Братот Кокан со семејството

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

РАДОЈКА ЈАКИМОВСКА

Една тажна година од смртта на нашата мајка и сопруга. Поменот ќе се одржи во сабота 18.6.2022 во 10.00 часот на градските гробишта Бутел.

Oд семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

ЗОЈА ЛЕГА СТАНОЈЕВСКА

1950-2022

Светол пат ангелу наш најмил.

Мајка, баба, сопруга, сестра, другар, пријател, сакана од сите. Твојот харизматичен, шармантен, чесен, џамбаски и мангупски дух засекогаш ќе остане со нас. Таа широка незаборавна насмевка вечно ќе не грее.

Погребот е извршен во кругот на фамилијата. Почивај во мир.

Твоите: Митко, Илинка, Гого, Кики, Верица, Лука, Каја, Дамјан и Мартин