врати се на Слободен Печат

СЕЌАВАЊЕ

ЧАВДАРОВА ВИТА

2017-2022

Времето поминува но спомените за тебе остануваат вечно

Од ќерката Соња со фамилијата

СЕЌАВАЊЕ

ЧАВДАРОВ АНДОН

2008-2022

Времето поминува но спомените за тебе остануваат вечно.

Од ќерката Соња со фамилијата

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Помина една година, животот без тебе не е живот

ПЕТРЕСКА ДОСТА

Поменот ќе се одржи на 3.7.2022 година во 10:30 на Градските гробишта Бутел.

Многу те сака

Боре

ПОМЕН

ВЕЛЕ АРСОВСКИ

-ГАРИ-

На 1.7.2022 година се навршуваат 11 години.

Сеќавањата и спомените се секојдневни.

Почивај во мир

Сестрата Трајка со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на баба

ЃУРЃА РИСТЕСКА

од Јордан Јорданов, бате Ристо и Мајче.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на почитуваниот

МИХАЈЛО РИСТЕСКИ

Од Јордан Јорданов

ТАЖЕН ПОМЕН

На ден 29.6.2022 се навршуваат 40 тажни денови од смртта на нашата мајка, баба и свекрва

БЛАГОЈКА БОЖИНОВСКА

Родена БИСИНОВА

Поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 10 часот.

Од семејството

ЧЕТИРИГОДИШЕН  ПОМЕН

На 29.6.2022 година се навршуваат четири години без нашата сакана сопруга, мајка, баба и нане

Др.проф. РАДМИЛА ГРУПЧЕ

Вечно ќе бидеш во нашите мисли и срца.

Со почит, сопругот Љупчо, семејство Групче, семејство Кралевски, внуци и правнуци

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

БЛАГОЈКА БОЖИНОВСКА

Мила моја мамичке со твоето заминување останавме без твоето големо срце, кое на секому му веруваше.

Прости ми што не бев крај тебе во последните мигови од твојот живот, а на тие што ни го ускратија тоа ГОСПОД НЕКА ИМ СУДИ.

Поменот ќе се одржи на 29.6.2022 година во 11 часот на Градските грбишта – Скопје.

Од ќерката Слаѓана со фамилијата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Ве известуваме дека на 29.06.2022 година, во 12 часот, на Градските гробишта Бутел (парцела 39 3 1А) ќе се собереме кај нашиот мил сопруг и татко

ТРАЈЧЕ БАЗЕРКО

за да ги одбележиме 40 дена во неговиот вечен дом.

Од семејството

НЕПРЕБОЛ

Една година на неизмерна тага и огромна болка, без нашата најмила мајка, свекрва и баба

 

МЕРИ ШЕКЕРОВА

Тагата е се поголема, празнината ненадоместлива.

Мила мамо, насекаде е присутна твојата насмевка, позитивна енергија, очи полни топлина и твојот мил глас со кој ни даваше безрезервна поддршка.

Ти се придружи и твојот Ташко, да те чува кај ангелите.

Засекогаш ќе живееш во нашите срца, љубовта што ни ја даруваше, грижата, добрината и твојот светол лик вечно ќе те чуваат од заборав.

Со љубов и почит засекогаш твоите Ѓоко, Боркица, Марио и Лука

 

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 1.7.2022 година се навршува една година откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва и баба

МЕРИ ШЕКЕРОВА

(1948 – 2021)

По тој повод на 25.6.2022 година (сабота) во 11 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас.

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука

 

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На нашиот сакан Дедо

ПРОФ.Д-Р МИХАИЛ ЧЕПРЕГАНОВ

Ќе те носиме во нашите мисли и срца засекогаш.

Горди сме што те имавме, твојата големина како личност, твоите животни постигнувања, твоите од срце совети и твојата насмевка ќе бидат дел од сите нас.

Со неизмерна тага и вечен спомен

Твоите Јован, Мила и Бојана

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На нашиот сакан татко

 

ПРОФ.Д-Р МИХАИЛ ЧЕПРЕГАНОВ

По тој повод, на 26 јуни 2022 година, во 11 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на градските гробишта во Штип.

Ќе те носиме во нашите срца и мисли. Многу ни недостигаш.

Ќерката Билјана и зетот Жико

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

 

МАРЈАН КОЛИШЕВСКИ

1955-2012

Нека Ти е лесна земјата и почивај во мир, друже …

Од колегата Милан

ПОМЕН

Една година од смртта на нашиот сопруг и татко

ЗВОНИМИР СЛАВЕСКИ

По тој повод на 25.6.2022 година во 10 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом и ќе му

оддадеме достојна почит.

Од сопругата Диана со децата Лидија, Радослав и Даница

ПОМЕН

Четириесет дена од смртта на нашата мајка, свекрва, баба и прабаба

РАДОЈКА СОКОЛИЌ

1938-2022

Во вторник  21.6.2022 година во 10 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе и оддадеме достојна почит.

Од синот Златко со семејството

СЕЌАВАЊЕ

На 19 јуни се навршуваат 6 години откако нѐ напушти нашата сакана сопруга, мајка и баба

ВАСИЛКА ЦИКЛЕВСКА САЛОМ

По тој повод ќе и оддадеме почит на гробиштата во Ѓорче Петров и ќе положиме свежо цвеќе на нејзиниот вечен дом.

Од семејството