врати се на Слободен Печат

СЕЌАВАЊЕ

Изминаа 5 тажни години без нашиот сакан и почитуван

Проф. Др. ЃОРЃИ СТАВРИЌ

Неговата љубов, ведрина, дух и ум ни недостигаат секојдневно.

Сопругата Василка и синовите Владимир и Дејан со семејствата

ЖАЛНА ВЕСТ

Со длабока жалост ги известуваме сите роднини и пријатели дека нашиот сакан татко

МИХАИЛ ЧЕПРЕГАНОВ

Почина на 18 мај 2022 година.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на

Градските гробишта во Штип на ден 21 мај 2022 од 11 до 12 часот.

Погребот ќе се изврши во 12 часот.

Од ќерката Билјана и зетот Жико

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот сакан чичко

ПРОФ.Д-Р МИХАИЛ ЧЕПРЕГАНОВ

Беше еден и единствен!

Почивај во мир.

Твоите Цеце, Гоце, Стефан и Ана Дојчиновски

Тања, Владо, Матеј и Јоана Чанговски

ТАЖЕН ПОМЕН

АЛЕКСАНДАР ЛУЧКО

1906-1973

Секогаш беше горд на мене и јас се трудев да ги исполнам твоите високо зацртани цели.

И сега, да си тука, би бил задоволен од она што јас го направив за сиве овие 80 години.

Почивај во мир, мој сакан тато.

Твојата прва ќерка

Татјана Лучко Јовановиќ

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

МИХАИЛ ЧЕПРЕГАНОВ

Многу сум тажна, а исто така и горда што беше дел од мојот живот.

Засекогаш ќе останеш во моето срце и мисли и вечно ќе ти бидам благодарна за животот што ми го дари.

Нека ти е светол патот во вечноста, почивај во мир.

ЛЕНЧЕ

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 22 мај (недела) 2022 година се навршува една година од загубата на нашиот сакан

КОСТА ПЕТРОВСКИ

По тој повод, во 12:00 часот, ќе положиме свежо цвеќе на неговиот вечен дом.

Со љубов и почит,

Од семејството

ГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една година од смртта на нашиот сакан, сопруг, татко и дедо

МИЛОШ ЗМЕЈКОВСКИ

По тој повод во сабота на 21.5.2022 г. во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел ќе го посетиме неговиот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Од семејството Змејковски

НЕПРЕБОЛ

На 19.5.2022 година поминаа 3 години откога не напушти нашиот сакан и почитуван сопруг, татко, свекор, дедо и прадедо

АЛЕКСАНДАР ПЕТАНОВСКИ

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

КИРОВСКА ЈАГОДА

2016-2022

Мила мамо поминаа 6 години без тебе, замина тивко, мирно, изненада…

По тој повод на 18.5.2022 во знак на тага и почитување  ќе положиме свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гробиштата во Ѓорче Петров.

Секогаш неутешни ќерката и зетот.

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Царство Небесно и Вечен ти спомен наш драг Тончи!

ТОНИ ПАНЕВ

Засвети пред Бога застапувај се за нас маченику Христов!

Наташа Санев

СЕЌАВАЊЕ

ВАСИЛ МАРКОВСКИ - ЦИЛЕ

1939-2010

Сеќавањата на тебе вечно ќе живеат во сите нас.

Почивај во мир.

Од Семејството

СЕЌАВАЊЕ

МИХАЈЛО ВОЛКАНОВ

Животот е момент, сеќавањето е вечност, заборав не постои за оние кои те сакаат и ќе те сакаат додека постојат.

Сопругата Елена, ќерките Сања и Калина, зетот Златко и внукот Филип

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На 14.5.2022 година (сабота) се навршуваат 40 денови откако не напушти нашиот сакан татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

По тој повод, во 11:00 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас.

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука

ЖАЛНА ВЕСТ

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, со голема тага ја известува академската зедница, како и сите деловни пријатели и соработници дека на ден 10.5.2022 година, почина нашата истакнта и ценета

ЉИЉАНА СТЕВАНОВИЌ АНЧЕВСКА

(Виш предавач во пензија)

Со нејзината смрт, Факултетот изгуби ценет и признат работник, кој со својот труд и залагање придонесе за поголема препознатливост на Економскиот факултет – Скопје, како високообразовна институција во земјата и надвор од неа.

Нејзиниот лик на беспрекорен работник ќе остане во трајно сеќавање.

Комеморативната седница, по повод смртта на Љиљана Стевановиќ Анчевска ќе се одржи на 16. 5. 2022 година, на Економскиот факултет – Скопје со почеток во 10:00 часот.

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје                                                                              Економски факултет – Скопје

 

НЕПРЕБОЛ

Поминаа 40 денови без нашиот сакан, најмил и непрежален татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

Деновите поминуваат но болката и тагата не стивнуваат. Благодариме за прекрасните спомени кои ни ги остави и на кои вечно ќе се сеќаваме.

Си замина кога требаше најмногу да им се радуваш на твоите внуци Марио и Лука, кои бескрајно си ги сакаше.
Неизмерно ќе ни недостигаат твојата добрина, љубов и посветеност.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца.

Со љубов и почит твоите Боркица, Ѓоко, Марио и Лука

СЕЌАВАЊЕ

Денес 13.5.2022 година се навршуваат четири години од смртта на нашиот сопруг, татко, свекор и дедо

Проф. д-р ОГНЕН ДАМЕВ

Засекогаш во нашите срца и мисли.

Со љубов и почит од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до нашиот сакан сопруг, татко и дедо

МОМЧИЛО БАКОВСКИ

(18.04.1953 - 12.05.2022)

Погребот ќе се одржи на 13.5.2022 (петок) во капелата на Градските гробишта во Бутел, во 11 часот.

Од сопругата Василка, ќерките Тања и Марјана  со семејствата

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

МИТЕВА МИРЈАНА

(1942-2021)

На 14 Мај 2022 година се навршува една година од смртта на нашата сакана мајка и баба Мира.

Поменот ќе се одржи на 14.5.2022 год. (сабота) во 11 часот, на Градските гробишта во Бутел.

Семејство Митеви