НЕПРЕБОЛ
1460 дни

Д-р КАТЈА ПАУНОВСКА
стоматолог
Катја, љубов моја.
Мојата тага, мојата болка, мојата прелест тоа си Ти.
Твојот Кирил
ТАЖЕН ПОМЕН
Поминаа две години без нашиот сакан сопруг и татко

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ
Огромни се тагата и болката поради твоето отсуство.
Неизмерно ни недостасуваш.
Почивај во мир, најмил!
твоите
Искра и Оливер
ДВЕ ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ
Две години секој ден срцата ни зборуваат без да го чујат твојот глас. Ти беше и ќе останеш нашето изгрејсонце. Недостасуваш бескрајно.
До следната заедничка прегратка со нашиот љубен син и брат

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ
Во сабота во 11 часот ќе го посетиме твоето почивалиште во Бутел.
Слава ти!
Од таткото Душан, мајката Ружа и сестрата Елена Казанџиевски.
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
на нашиот сакан

ДИМИТАР ПОПОВСКИ
Поменот ќе се одржи на гробиштата Бутел, во недела, на 29.1.2023 г., во 12:00 ч.
Од семејство Поповски
СЕЌАВАЊЕ
На ден 29.1.2023 година се навршуваат 30 години од смртта на нашиот татко, свекор и дедо

ВЛАДО МАКЕЛАРСКИ
НОСИТЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА 1941 ГОД.
Од синовите Љупчо и Раде со семејствата
ЖАЛНА ВЕСТ
Со голема тага и болка ги известуваме сите роднини и пријатели дека почина нашата сакана

МИЛКА ДОЛГОВА
Погребот е извршен на 18.1.2023 година на Градските гробишта Бутел.
Почивај во мир.
Со љубов и почит
Од Рубенс, Михаил, Дамјан, и Лиле
IN MEMORIAM

Душица Џинлеска
7.3.1938 - 22.1.2023
Човек и збор , засекогаш во нас
Од семејството
ТАЖЕН ПОМЕН
Поминаа 40 дена од смртта на нашата сестра, золва и тетка

СЕЛВИЈА ТАШОВСКА
на 78 години
По тој повод ќе се собереме на гробиштата во с. Осој на ден 24.1.2023 година во 12 часот да и оддадеме почит и да положиме свежо цвеќе.
Од Братот Данил Ташоски со сопругата Верица и внуките со семејствата
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
На 22 јануари 2022 год. недела во 11:30 ч. во црквата Св. Илија ќе се одржи парастос за нашиот сакан татко, свекор и дедо

проф. д-р ЃОРЃИ СИНАДИНОВСКИ
Се молиме за Божјиот благослов за вечно спасение на неговата благородна душа.
Со љубов и почит од семејството
СЕЌАВАЊЕ

д-р Христо Чолаков
21.1.2003 – 21.1.2023
Љубовта навистина е безвременска…
Драг наш Чоле / Доки / Ицко
секогаш си со нас, секогаш сме заедно…
Катица, Росано и Методи / Теди со семејствата Чолакови
Сеќавање
На ден 21.1.2023 година се навршуваат 22 години од смртта на мојата мајка

БЛАГОРОДНА АНИЦИН ВАСЕВСКА
Од Скопје
Сеќавањата се вечни преку спомените кои и понатаму ќе останат да живеат.
Со почит
Ќерката Гордана и зетот Панче со семејството
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
Изминуваат 40 тажни денови без нашата непрежалена и најсакана

ЈОРДАНКА ТОФИЛОВСКА
род. САВЕСКА
Поменот ќе се одржи на гробиштата во Ѓорче Петров во недела на 22.1.2023 година во 11 часот.
Тагата и болката не стивнуваат. Секогаш ќе бидеш со нас.
Од сопругот Јово и ужаленото семејство
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Се навршуваат три години од смртта на нашата сопруга, мајка и баба

д-р НАДЕ КИРИЈАС
По тој повод во недела 22.01.2023 година во 12 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел да положиме свежо цвеќе и оддадеме почит.
Од сопругот Вили, децата Алек и Кони со семејствата
Сеќавање
На ден 21.1.2023 година се навршуваат 22 години од смртта на мојот татко Димитар

ДИМИТАР ВАСЕВСКИ
Од Скопје
Сеќавањата се вечни преку спомените кои и понатаму ќе останат да живеат.
Со почит
Ќерката Гордана и зетот Панче со семејството
ГОДИШЕН ПОМЕН
На 21 јануари се навршува една година од заминувањето на

АНКА МИТКОВА
Горди сме што те имавме.
Твојот тивок и нежен лик секогаш ќе тлее во нашите срца. Премногу ни недостасуваш моја сопруго, наша мамо, нано и прабабо.
Поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 12 часот.
Од семејството
ГОДИШЕН ПОМЕН
На нашата сакана мајка, баба и прабаба

СТАНИСЛАВА ТУФЕГЏИЌ
На 28.1.2023 година изминува една тажна година без твојата љубов, добрина, искреност и човечност.
Ти благодариме за се.
Почивај во мир.
Од семејството
Сеќавање
На 20.1.2023 година се навршуваат 10 години од смртта на нашиот многу сакан и почитуван татко, свекор, дедо и прадедо

ЈОВАН РАВАНОСКИ
од Галичник
Твојата ведрина, добрина и неизмерната љубов што ни ја даваше на сите нас ќе останат во трајно сеќавање. Поминаа 10 години но ти засекогаш ќе бидеш во нашите срца и мисли.
Од синот Пане , ќерката Сава со семејствата
Сеќавање
на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

СТОЈКО ИВАНОВСКИ
Годините не можат да ги избришат спомените за тебе
Те сакаме.
Твоите Стојанка, Марина, Бети, Сашо, Дејан, Ангела и Наталија