ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
МИТКО ЛИКОСКИ
Твојата чесност, скромност и искреност вечно ќе ја споменуваме.
Наш драг другар Митко – почивај во мир.
Ожалостени другарите: Тони, Диме, Јовче, Жарко.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
МИТКО ЛИКОСКИ
Беше чест и богатство да се има таков скромен, чесен и искрен сопруг, брат, татко, дедо, чичко, вујко .
Вечно ќе те паметиме -почивај во мир,
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на почитуваната
МИЛКА ТОЗИ
Од Марика и Слободан Каранфилови и Костадинка Мартиновска со семејствата
ТАЖЕН ПОМЕН
На 13.10.2022 година се навршува една година без нашиот сакан
М-р СТЕВАН ОГНЕНОВСКИ
1948-2021
Остануваш засекогаш во нашите срца и спомени, со љубовта што ни ја подари, нежноста и грижата за нас.
Бескрајно те љубиме.
Почивај во мир
Сопругата Маргарита со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека почина нашиот сакан сопруг, татко, свекор и дедо
ЛАЗАР КРСТЕВСКИ
1935-2022
Погребот е извршен на 3.10.2022 година на Градските гробишта во Ѓорче Петров.
Почивај во мир.
Од сопругата Борка, ќерката Снежана, синот Зоран, внуците Емилија, Александар и Катерина, правнуците Бисера и Алексеј, снаите Наташа и Антонела и зетовците Светолик и Дејан
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
НА 8.10.2022 година(сабота) изминуваат 40 тажни денови откако не е со нас нашиот сопруг и татко
Др. МИЛОРАД ВЕЉАНОСКИ
По тој повод ќе одржиме помен на неговото вечно почивачиште на гробиштата во Волково во 11 часот.
Од сопругата Стојна и синот Ангел
СЕЌАВАЊЕ
На 7ми Октомври се навршуваат 10год од смртта на нашиот сакан
КИРИЛ ПАСПАЛОВСКИ
Поминаа 10 години од твоето заминување, остануваат спомените и тагата!
Како што еден поет рекол: “Да живееш во срцата на оние кои остануваат,значи не умираш…”
Лидија
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На 7.10.2022 година се навршуваат 16 години од смртта на нашиот мил и единствен брат
Д-р МИХАЈЛО ГОНЕВ
(д-р МИКИ)
Од Свети Николе
Се тече-се´ се менува, само спомените за заедничкиот живот остануваат Вечни.
Твоите сестри: Верица Бојковска( Гонева) од Куманово и Наде Давчева ( Гонева) од Скопје со своите семејства
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
Десет години од смртта на мојата непрежалена снаа
ЛИДИЈА ДМИТРОВИЌ
1953-2012-2022
Десет години те држам во прегратка, сакана и незаборавена
Благородна Дмитровиќ
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
Десет години од смртта на мојата сакана сопруга
ЛИДИЈА ДМИТРОВИЌ
11.07.1953,Скопје - 05.10.2012,Скопје
Зоран Дмитровиќ
НЕПРОБОЛ
На 01.10.2022 година изминуваат две години од смртта на
ВЕРА ЈАНЕВСКА
Беше прекрасна личност, мајка, баба, свекрва, пријателка. Остануваш вечно во нашите спомени, сеќавања на убавите моменти поминати со тебе.
Од синовите Владимир и Дарко со фамилиите
НЕПРЕБОЛ
Шест месеци на неизмерна тага и огромна болка, без Тебе, столбот на нашата фамилија, пример за посветеност, пожртвуваност и чесност
ТАШИ ШЕКЕРОВ
Огромна е болката без тебе, сеуште не сме свесни дека те нема.
Насекаде околу нас е присутен твојот благороден лик, поддршка што ни ја даваше, Ти го трасираше патот по кој треба да работиме, учиме, да се жртвуваме за фамилијата и најблиските.
Пат кој сега го следат твоите ученици, твоите најмили внуци Марио и Лука.
Таши, ти беше незаборавен сопруг, татко, свекор и дедо, твоите дела Те прават незаборавен и вечен!
Со љубов и почит засекогаш твоите Боркица, Ѓоко, Марио и Лука
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На нашата мил, сакан, почитуван и никогаш незаборавен татко, свекор и дедо
ТАШИ ШЕКЕРОВ
По тој повод, на 01.10.2022 год. (сабота) во 11:00 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме достојна почит и положиме свежо цвеќе.
Засекогаш ќе те носиме во нашите срца.
Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука
СЕЌАВАЊЕ
БЛАГИЦА ЗЛАТКОВСКА
Мед.сестра
(1947-2022)
54 годишен брак и семејство во заедништво исполнето со скромност, толеранција и почит ни овозможи да ги решаваме сите многубројни предизвици и искушенија и заедно да се радуваме. Но, со својата смрт Баже ми остави бол, тага и солзи.
Твојот сопруг проф.социолог Иван Златковски
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Измина една година без нашиот сакан сопруг, татко и дедо
ПЕТАР ГЕОРГИЕВ
Помина една долга и тажна година откако не си со нас. Година исполнета со сеќавања на човекот кој ни подари чесност, добрина и љубов кон блиските и животот. Твојот лик, благородна душа и срце засекогаш ќе бидат врежани во нашите сеќавања, вечно ќе ги споменуваме и чуваме се додека постоиме. Горди сме што те имавме. Почивај во мир.
По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом на 1.10.2022 година (сабота) во 11:45 часот на Градските гробишта Ѓорче Петров и ќе му оддадеме достојна почит и благодарност за се што сторил за нас.
Сопругата Нада со синовите Антонио и Роберт, снаата Даниела и внукот Александар
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока жал им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашата мила мајка, сопруга и баба
НЕВЕНКА СТОЈАНОВСКА
почина на ден 28.9.2022 година на 73 годишна возраст.
Погребот ќе се изврши на ден петок 30.9.2022 година на гробиштата во Ѓорче Петров во 12 часот.
Од сопругот Благој со синовите Бобан, Игор и Глигор.
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Помина долга и тешка година откако прерано не напушти и
се уште е тешко без тебе
ЛИЛЈАНА ЈАЌОСКА
Вечно ќе се сеќаваме на љубовта,
грижата, пожртвуваноста и разбирањето што го имаше за нас.
Со неизмерна тага и вечен спомен, од сопругот Душан, синот
Драгољуб, ќерката Александра и ќерката Елена со семејството.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот драг колега
ВЛАДИМИР МИХАЈЛОВСКИ-ПАПС
(1949-2022)
Ни беше драго што беше дел од нашите животи.
Почивај во мир.
Од колегите од Ватростална