СЕЌАВАЊЕ
на нашиот

ЉУПЧО ТОДЕВСКИ
Никогаш не заборавен, секогаш со нас.
Од сопругата со децата
НЕПРЕБОЛ

ТАТАЈАНА НИКОЛОСКА
Родена ТРПЕСКА
2002-2021
Никогаш нема да те заборавиме, те чуваме во нашите срца и мисли. Почивај во мир.
Мама Даница, Александар, Вања, Емилија и Љубомир
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана и драга колешка,

Сестра МАРИЦА БОЖИНОВСКА
Горди сме што беше наша колешка и соработник, беше врвен професионалец посветен на својата професија, но пред се беше човек со големо срце исполнето со љубов, добрина и почит за сите нас. Иако засекогаш не напушти, твојот лик и дело, твојата харизма и насмевка нема никогаш да бидат заборавени. Добрите луѓе никогаш не умираат. Ти благодариме за се. Нека ти е вечна слава и почивај во мир.
Од вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
на нашата сопруга, мајка, свекрва и баба

ПЕРСА НОВКОВСКА
Поменот ќе се одржи на 14.11.2021 година во 10:30 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.
Од сопругот Методија, синовите Владимир и Горан со семејствата
ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ
на нашиот директор

АДЕМ КОЧАН
чиј спомен ќе го носиме вечно во нашите срца. Ни беше пријател, учител, водач-3 децении. Твоето дело ќе го продолжиме заедно со твоите деца и внуци. Почивај во мир наш Адем.
Од семејството и вработените
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

ТРАЈЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ
11.11.2020-11.11.2021
Ни недостигаат средбите за твојот роденден, а и Богомила повеќе не е иста без тебе. Секогаш ќе бидеш присутен во нашите срца и спомени.
Од сестрата Нада, внуката Снеже, Владо, Јован и Мила
ПОМЕН
За мојот татко

ВУКЕ ПАНДИЛОВСКИ
23.3.1999-23.3.2021
Благодарам за твојата ведрина, мудрост и разбирање.
Од синот Душко, внуката Ирина и внукот Јане
ПОМЕН
За мојата мајка

РАДА ПАНДИЛОВСКА
20.11.2017-20.11.2021
Благодарам за твојата ведрина, мудрост и разбирање.
Од синот Душко, внуката Ирина и внукот Јане
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На саканата тетка и баба

РОСКА ИЛИЕВСКА
1935-2021
Засекогаш во нашите мисли, молитви и срца. Почивај во мир
Од семејството Сотировски и Ристески
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Помина цела една година без тебе, Трале.

ТРАЈЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ
Многу ни недостигаш. Вечна слава и спомен.
Од смејството Ѓорѓевски Бубе, Мате, Ѓоре, Вида, Елена, Ана и внуците Јан, Мика и Алек
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
По повод ненадејната смрт на

Др. ДРАГАН ФИЛИПОВИЌ
истакнат хирург од Тетово
Голем активист и добротвор во СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА во Македонија, на семејството му изразуваме длабоко сочувство.
Српски Национален Совет во Македонија
20 години сеќавање на

бОГДАН ЃУЗЕЛОВ
(1932-2001)
Драг наш Ѓузел, тато, дедо, Врежан си во нашите спомени за сите безброј добрини што ги направи за нас.
Твоите Драгица, Влатко, Диме, Сара и Теа Ѓузелови
ЖАЛНА ВЕСТ
Со голема тага ве известуваме дека почина нашиот

АДЕМ КОЧАН
поменот ќе се одржи на 10.11.2021 година во 13:30 часот во џамијата во Бутел 1, а закопот во 14:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Од семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
Со неизмерна тага ги известуваме роднините и пријателите дека на 9 ноември 2021 година почина нашата мајка, свекрва и баба

РУЖИЦА СТОЈМАНОВСКА
Родена 1941 година
Посмртните останки ќе бидат изложени денеска, во капелата на Градските гробишта во Бутел од 11.30 часот. Погребот е закажан во 12 часот.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
до

ВЕРА СТОЈАНОВИЌ
Род. ДУКОВСКА
(1950-2021)-Белград
Сакана сестро, во ова време –невреме , не успеав да бидам до тебе во твоите последни денови. Прости ми. Почивај во мир.
Твојата сестра Мики со децата Жељко и Весна со семејството.
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На 11 ноември 2021 година се навршуваат шест месеци од смртта на нашата сакана и почитувана мајка, свекрва, баба и прабаба

ЉУБИЦА РАВАНОСКА
По тој повод на 11 ноември(четврток) 2021 година во 12 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе положиме свежо цвеќе.Твојата ведрина , добрина и неизмерна љубов што ни ја даваше на сите нас ќе останат во трајно сеќавање. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца и мисли.
Од синот Пане, ќерката Сава со семејствата
СПОМЕН
Во вторник, 9 ноември, се навршува една година од смртта на

АХИЛ ТУНТЕВ
Си спомнуваме на неговиот лик и на годините кои ги поминавме заедно.
Додека сме живи, ќе бидеме благодарни што имавме таков татко и дедо.
Поменот беше извршен во недела, 7 ноември, во кругот на семејството.
Тунтеви
IN MEMORIAM

ДРАГАН ГРАДИШКИ
2003-2021
Ние старееме, а спомените за тебе не стареат.
Оле со децата