ЖАЛНА ВЕСТ
Со неизмерна болка и тага ги известуваме сите роднини и пријатели дека ненадејно престана да чука големото срце на нашиот сакан татко, сопруг и дедо

ДРАГАН АНТАНАСОВ
1946-2022
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на 30 јули 2022 г. (сабота) од 9 часот. Погребната церемонија ќе започне од 10 часот.
Неговите најмили сопругата Павлина, ќерките Јасмина и Маја, зетовците Илија и Петар со внукот Максим.
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На нашата сакана мајка, тешта, баба и прабаба

МИРЈАНА ПАВЛОВА
Не поминал ден без да те спомнеме, ни остави прекрасни спомени. Наместо шест месечен помен семејството ќе донира средства во хуманитарни цели.
Многу те сакаме и ни недостасуваш,
твои Ирена, Игор, Кирил и Сандра со семејствата
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
Поминаа четириесет години без нашата мајка и нана

ВЕРОНИКА НИКОЛОСКА
Од Битола
Беше и остана многу сакана, а споменот за неа останува во нашите срца.
Семејство Скерлев
СЕЌАВАЊЕ

Проф. д-р ЉУПЧО АЈДИНСКИ
Сеќавањето на големите пријателства никогаш не бледее
Татјана Лучко Јовановиќ
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот мил татко, дедо и прадедо

ЉУПЧО НАЦЕВ
Почивај во мир
Од ќерката Весна и внуците Александра, Стефанија и Љупчо.
СЕЌАВАЊЕ
На нашата сакана и мила

МАРИЈА АЈДИНСКА
2009-2022
Со љубов и почит.
Џулиета Ајдинска и Виолета Ајдинска –Папазовска со семејството
СЕЌАВАЊЕ
на нашата сакана и мила

ЗОРИЦА АЈДИНСКА
1993-2022
Со љубов и почит.
Џулиета Ајдинска и Виолета Ајдинска –Папазовска со семејството
СЕЌАВАЊЕ
на нашиот сакан и мил

ПАНЧЕ АЈДИНСКИ
1988-2022
Со љубов и почит.
Џулиета Ајдинска и Виолета Ајдинска –Папазовска со семејството
СЕЌАВАЊЕ
Изминаа три години од физичкото заминување на нашата сакана сестра, балдза, тетка и баба

ВИКТОРИЈА МИЦЕВА
1939-2019
Годините минуваат, остануваат убавите спомени и сеќавања засекогаш.
Почивај во мир.
Сестрата Вера, зетот Љупчо, внуките Елена и Нада со семејствата
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

СЛОБОДАН БУКЛЕСКИ
По тој повод, на 28 јуни 2022 г., во 10:30 часот, ќе се собереме во Соборен Храм Св. Климент Охридски – Скопје.
фам. Буклески
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот мил тато, дедо и прадедо

ЉУПЧО ЦВЕТКОСКИ
(1926 - 2022)
Со љубов и почит
од децата со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот другар и пријател
Др.АЦО ЛАЗОВ
од Ико, Душан, Пепи и Добрила со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на 25.7.2022 година останавме без еден голем човек, брат и вујко

ЗОРАН НАРАШАНОВ
Неизмерно те сакаме.
Од сестрата Валентина со семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
Со неизмерна болка и тага ги известуваме роднините и пријателите дека на ден 25.7.2022 година почина нашиот сакан и почитуван сопруг и татко

ЗОРАН НАРАШАНОВ
Погребот ќе се изврши на Градските гробишта Бутел во вторник 26.7.2022 година во 11:00 часот.
Сопругата Билјана и децата Ивана, Анастасија и Петар
С Е Ќ А В А Њ Е
25 години незаборав за мојот брат

ЈОРДАН ЗАЗОСКИ
06.03.1953 – 26.07.1997
Остануваш присутен засекогаш во нашите спомени.
Твоето име – овековечено, твоите дела – неограничен универзум во ограничен свет на судбината.
Од сестрата Наде со фамилијата
СЕЌАВАЊЕ
На 1.8.2022 година се навршува една година од смртта на нашиот сакан и мил чичко, вујко, дедо и прадедо

Проф-др ЉУПЧО АЈДИНСКИ
1930-2021
По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом да положиме свежо цвеќе и да му оддадеме почит.
Со љубов, почит и благодарност
Семејството
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На 23 јули се навршуваат шест месеци од заминувањето на нашата најсакана сопруга, мајка, нана и прабаба

АНКА МИТКОВА
Многу ни недостасуваш и засекогаш ќе живееш во нашите срца.
Поменот ќе се одржи на Грдаските гробиштата Бутел во 10:30 часот.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со длабока жал ги известуваме сите роднини и пријатели дека нашиот сакан и непрежален сопруг, татко, свекор и дедо

ЌИРЕ МАНГАРОСКИ
Почина на ден 17.7.2022 година, во својата 72-ра година на живот.
Погребот ќе се изврши на Градските гробишта Бутел на ден 22.7.2022 година. Посмртните останки ќе бидат изложени од 9:30-10:30 ч.
Ожалостени: сопругата Роса Мангароска со синовите Душан и Велибор со семејствата