ГОДИШЕН ПОМЕН
На 4.2.2022 се навршува една година од заминувањето на нашиот сакан син, татко, брат, вујко и братучед

РИСТЕ НЕДАНОВСКИ
1959 - 2021
По тој повод на ден 30.1.2022 (недела) во 11 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом, за да му оддадеме почит и положиме цвеќе.
Времето поминува, но споменот на твојата племенита и искрена душа не избледува, засекогаш останува во нашите души и срца.
Ни недостасуваш
Од семејствата Недановски и Маркозанови
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
На 1.2.2022 се навршува една година од смртта на нашата мајка и баба

ОЛГИЦА ПОПОВА
1931-2021
Од Гевгелија
Со почит што те имавме, секогаш ќе се секаваме на твојата добрина, насмевка и верност кон фамилијата.
Почивај во мир
Од синот и керката со фамилиите.
ВЕЧЕН НЕПРЕБОЛ
На 30 јануари 2022 година се навршуваат четири години од прераната смрт на нашата сакана и никогаш не прежалена ќерка и сестра

ГЕОРГИЕВА КАТЕРИНА
1974-2018
Од Гевгелија
Горди сме што те имавме, а бескрајно тажни што те изгубивме.
Нека твојата племенита и искрена душа почива во мир.
Од мајката Лилјана, таткото Павле и братот Костадин.
ПОМЕН
Во понеделник, 31 јануари се навршуваат 40 дена од смртта на нашата најсакана мајка, свекрва и баба

МИРЈАНА ХРИСТОВСКА
Секогаш ќе живееш во нашите срца. Почивај во мир.
Поменот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел во 12 часот.
Од синот Атанас и ќерката Весна со семејствата.
ВО СПОМЕН
Денес се навршуваат четириесет тажни денови од смртта на нашиот брат, девер, чичко и дедо

БРАНКО КАЦАРСКИ
-КАЦАР-
Засекогаш ќе ни недостасуваш на сите нас.
Од братот Кокан, внуците Владимир и Мико Кацарски со семејството
СЕДУМДНЕВЕН ПОМЕН
Седумдневен помен на нашиот сакан татко, свекор и дедо

проф. д-р ЃОРЃИ СИНАДИНОВСКИ
Во недела (30ти јануари) ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата во Бутел и ќе му оддадеме почит. Благодариме за твојата љубов!
Синот Цветан и ќерката Елисавета со семејствата