ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана и драга колешка,

Сестра МАРИЦА БОЖИНОВСКА
Горди сме што беше наша колешка и соработник, беше врвен професионалец посветен на својата професија, но пред се беше човек со големо срце исполнето со љубов, добрина и почит за сите нас. Иако засекогаш не напушти, твојот лик и дело, твојата харизма и насмевка нема никогаш да бидат заборавени. Добрите луѓе никогаш не умираат. Ти благодариме за се. Нека ти е вечна слава и почивај во мир.
Од вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок