ЖАЛНА ВЕСТ
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, со голема тага ја известува академската зедница, како и сите деловни пријатели и соработници дека на ден 23.2.2023 година, почина нашата истакната и ценета редовен професор во пензија

Проф. д-р СНЕЖАНА ПЛАВШИЌ
Со нејзината смрт, Факултетот изгуби ценета и призната професорка, која со својот труд и залагање придонесе за поголема препознатливост на Економскиот факултет – Скопје, како високообразовна институција во земјата и надвор од неа.
Нејзиниот лик на беспрекорна професорка ќе остане во трајно сеќавање.
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Економски факултет – Скопје