ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот ценет и почитуван брат

МАРИН БАБИЌ
Од неговите браќа
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

МИМОЗА РОБЕВА НИКОЛОВА
Драга колешка и голема пријателка .
Почивај во мир.
Дара, Љупка, Данче и Слободанка
ТАЖНА ВЕСТ
На 13.10.2022 година почина нашиот сакан сопруг и татко

ИВАН БОШНАЧКИ
(р.1932)
Од семејството, сопругата Павлина и синот Драган
ПЕТНАЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН

ДИМИТАР МЛАДЕНОВСКИ
-академски сликар-
-само да видеше колку народ имаше на твоите постхумни изложби…
Твоите најмили
ЖАЛНА ВЕСТ
Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека на ден 9.10.2022 година почина нашиот сакан и почитуван сопруг, татко, дедо и прадедо

Инг. БУДИМИР ТАСЕВ
1932-2022
Погребот е извршен на 11.10.2022 година на гробиштата во Нерези.
Ожалостени сопругата Драгица, синот Владимир и ќерката Невенка со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана професорка и колешка

ПРОФ. Д-Р ТАТЈАНА ПЕТРУШЕВСКА
редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Институтот за меѓународно право и меѓународни односи
1967-2022
Со заминувањето на проф.д-р Татјана Петрушевска, Правниот факултет изгуби почитувана колешка и особено ценета пријателка, извонреден интелектуалец, посветен наставник и одличен педагог.
Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа, ведрината и позитивната енергија со која зрачеше и хуманиот однос кон студентите и вработените на Факултетот.
Посмртните останки на проф.д-р Татјана Петрушевска ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 13.10.2022 година (четврток) од 12,30 до 13,30 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
IN MEMORIAM

Проф. д-р ТАТЈАНА ПЕТРУШЕВСКА
Спомените за Тебе ќе ги чувам со пиетет.
Проф. Елена Градишки – Лазеревска
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На 7.10.2022 година почина нашата блиска пријателка

МИМОЗА РОБЕВА НИКОЛОВА
Ќе се сеќаваме на нашето дружење.
Жана и Нада
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

МИТКО ЛИКОСКИ
Твојата чесност, скромност и искреност вечно ќе ја споменуваме.
Наш драг другар Митко – почивај во мир.
Ожалостени другарите: Тони, Диме, Јовче, Жарко.
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

МИТКО ЛИКОСКИ
Беше чест и богатство да се има таков скромен, чесен и искрен сопруг, брат, татко, дедо, чичко, вујко .
Вечно ќе те паметиме -почивај во мир,
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на почитуваната
МИЛКА ТОЗИ
Од Марика и Слободан Каранфилови и Костадинка Мартиновска со семејствата
ТАЖЕН ПОМЕН
На 13.10.2022 година се навршува една година без нашиот сакан

М-р СТЕВАН ОГНЕНОВСКИ
1948-2021
Остануваш засекогаш во нашите срца и спомени, со љубовта што ни ја подари, нежноста и грижата за нас.
Бескрајно те љубиме.
Почивај во мир
Сопругата Маргарита со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека почина нашиот сакан сопруг, татко, свекор и дедо

ЛАЗАР КРСТЕВСКИ
1935-2022
Погребот е извршен на 3.10.2022 година на Градските гробишта во Ѓорче Петров.
Почивај во мир.
Од сопругата Борка, ќерката Снежана, синот Зоран, внуците Емилија, Александар и Катерина, правнуците Бисера и Алексеј, снаите Наташа и Антонела и зетовците Светолик и Дејан
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
НА 8.10.2022 година(сабота) изминуваат 40 тажни денови откако не е со нас нашиот сопруг и татко

Др. МИЛОРАД ВЕЉАНОСКИ
По тој повод ќе одржиме помен на неговото вечно почивачиште на гробиштата во Волково во 11 часот.
Од сопругата Стојна и синот Ангел
СЕЌАВАЊЕ
На 7ми Октомври се навршуваат 10год од смртта на нашиот сакан

КИРИЛ ПАСПАЛОВСКИ
Поминаа 10 години од твоето заминување, остануваат спомените и тагата!
Како што еден поет рекол: “Да живееш во срцата на оние кои остануваат,значи не умираш…”
Лидија
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
На 7.10.2022 година се навршуваат 16 години од смртта на нашиот мил и единствен брат

Д-р МИХАЈЛО ГОНЕВ
(д-р МИКИ)
Од Свети Николе
Се тече-се´ се менува, само спомените за заедничкиот живот остануваат Вечни.
Твоите сестри: Верица Бојковска( Гонева) од Куманово и Наде Давчева ( Гонева) од Скопје со своите семејства
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
Десет години од смртта на мојата непрежалена снаа

ЛИДИЈА ДМИТРОВИЌ
1953-2012-2022
Десет години те држам во прегратка, сакана и незаборавена
Благородна Дмитровиќ
ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ
Десет години од смртта на мојата сакана сопруга

ЛИДИЈА ДМИТРОВИЌ
11.07.1953,Скопје - 05.10.2012,Скопје
Зоран Дмитровиќ