врати се на Слободен Печат

ЖАЛНА ВЕСТ

ВЛАДИМИР МИХАЈЛОВСКИ-ПАПС

1949-2022

Не напушти и покрај тоа што беше борец  до крај.

Твојот ведар лик вечно ќе остане во Нашите срца.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел на ден 28.9.2022 од 13 часот, а погребот ќе се изврши во 14 часот.

Почивај во мир, мил Наш Папс.

Сопругата, децата и внуците

СЕЌАВАЊЕ

На 28.9.2022 година се навршуваат десет години од смртта на нашиот сакан брат и вујко

ДИМИТАР ДОКОВСКИ

Со љубов и почит.

Сестрите Боте и Бубе и внуците Панче и Маријан со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

Изминаа пет години од смртта на нашата сакана сопруга, мајка и баба

СНЕЖАНА АРСОВА

Секогаш си во нашите срца и мисли.

Ти благодариме за се, бескрајно ни недостасуваш.

Остануваат убавите спомени и сеќавања засекогаш.

Сопругот Љупчо, синовите Александар и Владимир со семејствата

СЕЌАВАЊЕ

На нашиот сакан сопруг и татко

Проф.д-р АРИТОН ЖИКОВ

25.9.2002-25.9.2022

Поминаа дваесет години откако не напушти и сеуште е тешко без тебе. Ти благодариме за љубовта, грижата и разбирањето што го имаше за нас.

Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца.

Со љубов и почит.

Сопругата Боте и синовите Панче и Маријан со семејствата

 

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една година откако не напушти нашиот почитуван сопруг, татко и дедо

ДРАГАН НАУМОВ

Поменот ќе се одржи на 25.9.2022 година( недела) во 11 часот на Градските гробишта Бутел.

Од сопругата Левка, децата Кети и Кире со фамилиите

ТАЖЕН ПОМЕН

Поминаа 40 тажни денови откако засекогаш не напушти нашата  сакана сестра

Д-р РОЗА ТАШКОВА ДОДЕВСКА

(1947-2022)

Мила Розе,

Голема е празнината што ја остави зад себе.

Многу ни недостасуваш, ни недостасува твојот глас, твојата добрина, поддршка, совет.

Нашата љубов кон тебе е неизмерна и секој ден си во нашите мисли и срца.

Почивај сестричке сега во мир.

Од сестрите Стефка и Бети со семејствата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Тагата и болката по твојата загуба не се мери со ништо, но животот продолжува, а времето ќе ни ги исцелува раните со убавите спомени и времето поминато со тебе!

БРАНИСЛАВА БУНДАЛЕВСКА

БРАНКА

Поменот ќе се одржи на 26.9.2022г. од 11:30-12:30ч.на Градските гробишта Бутел.

ТИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО БЕШЕ НАША СОПРУГА И МАЈКА!!!

Од сопругот и ќерката со зетот

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една долга, тешка, тажна година откако не напушти мојата сакана, мила сопруга прекрасна мајка, извонредна личност

МАРИЈА НЕШКОСКА

Поменот ќе се одржи во сабота 24.9.2022 г. во 12 часот во храмот Св. Климент Охридски- Скопје

Ожалостени: сопругот Стеван и ќерката Александра

IN MEMORIAM

Поминаа три години како не си со нас

ЈУЛИЈАНА МИЛИВОЕВИЌ

Вечно си во нашите срца

Од семејството

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

На нашиот сакан родител

КОСТАДИНКА ЃОЗЕВА

( Род. ШУКРИЕВА)

15 години

Со гордост Те споменуваме и се сеќаваме, со љубов Те чуваме во нашите срца.

Многу ни недостасуваш, почивај во мир.

Ванѓе и Мите Стефанови со внуците, ќерките и зетовците

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

На нашиот сакан родител

НИКОЛА ЃОЗЕВ

18 години

Со гордост Те споменуваме и се сеќаваме, со љубов Те чуваме во нашите срца.

Многу ни недостасуваш, почивај во мир.

Ванѓе и Мите Стефанови со внуците, ќерките и зетовците

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата сакана и почитувана сестра, золва, тетка и баба

ЈАГОДА НИКОЛИЌ

Со почит од братот Панче, снаата Гордана со нивното семејство

СЕЌАВАЊЕ   

СПАСИЈА-ЦОЦА ПЕТКОВСКА

род. Стикова

2008 - 2022

Времето поминува , а спомените на Тебе се присутни во секој миг од  нашиот живот.

Сеќавањата на воспитувањето и животот што ни го подари  ќе траат вечно.

Живееше со нас, иако веќе 15 години не Те гледаме и слушаме.

Твојата родителска грижа остави неизбришливи траги во нас и во нашите животи.

Се’ што поминавме заедно не се заборава.

Ти благодариме  за се’!

Твоите синови Љупчо и Коле со семејствата.

СЕЌАВАЊЕ       

БЛАГОЈА ПЕТКОВСКИ

2007 - 2022

Времето поминува , а спомените на Тебе се присутни во секој миг од  нашиот живот.

Сеќавањата на воспитувањето и животот што ни го подари  ќе траат вечно.

Живееше со нас, иако веќе 15 години не Те гледаме и слушаме.

Твојата родителска грижа остави неизбришливи траги во нас и во нашите животи.

Се’ што поминавме заедно не се заборава.

Ти благодариме  за се’!

Твоите синови Љупчо и Коле со семејствата.

ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН 

ГРАДИМИР ЈОВАНОВИЌ - КИБИ

2020-2022

Две тажни години без тебе, сакан наш Киби.

Семејство Јовановиќ

ДЕВЕТДНЕВЕН ПОМЕН               

На 17.9.2022 се навршуваат девет дена од смртта на нашиот татко и дедо

БОРКО ТАЛЕВСКИ

Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас. По тој повод, ќе го постиме неговиот вечен дом на градските гробишта Бутел, да дадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Со љубов и почит од ќерките, внуките и зетот.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

АСЕНОВ МИЛОЈЧО

1954-2022

Триесет и седум години заедништво, љубов, искреност. Заедно сите пречки во животот ги совладувавме, заедно тагуваваме и се радуваваме.

А сега мој Мики остави бол, тага и солзи.

Нека ти е светол и отворен патот на крилјата на ангелите кон небесните височини.

Пронајди некое друго достојно место за живеење и нашите души повторно ќе се заедно.

Почивај во мир.

Твојата сопруга Марија Саболиќ Асенова

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На ден 14.9.2022 година по долго боледување не напушти нашиот сакан сопруг, зет, баџанак и тетин

АСЕНОВ МИЛОЈЧО

1954-2022

Почивај во мир.

Погребот е извршен во кругот на семејството на ден 16.9.2022 година во Скопје.

Од семејствата Диневски, Саболиќ и Асенови