врати се на Слободен Печат

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

МИХАИЛ ЧЕПРЕГАНОВ

Многу сум тажна, а исто така и горда што беше дел од мојот живот.

Засекогаш ќе останеш во моето срце и мисли и вечно ќе ти бидам благодарна за животот што ми го дари.

Нека ти е светол патот во вечноста, почивај во мир.

ЛЕНЧЕ

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 22 мај (недела) 2022 година се навршува една година од загубата на нашиот сакан

КОСТА ПЕТРОВСКИ

По тој повод, во 12:00 часот, ќе положиме свежо цвеќе на неговиот вечен дом.

Со љубов и почит,

Од семејството

ГОДИШЕН ПОМЕН

Измина една година од смртта на нашиот сакан, сопруг, татко и дедо

МИЛОШ ЗМЕЈКОВСКИ

По тој повод во сабота на 21.5.2022 г. во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел ќе го посетиме неговиот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Од семејството Змејковски

НЕПРЕБОЛ

На 19.5.2022 година поминаа 3 години откога не напушти нашиот сакан и почитуван сопруг, татко, свекор, дедо и прадедо

АЛЕКСАНДАР ПЕТАНОВСКИ

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

КИРОВСКА ЈАГОДА

2016-2022

Мила мамо поминаа 6 години без тебе, замина тивко, мирно, изненада…

По тој повод на 18.5.2022 во знак на тага и почитување  ќе положиме свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гробиштата во Ѓорче Петров.

Секогаш неутешни ќерката и зетот.

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Царство Небесно и Вечен ти спомен наш драг Тончи!

ТОНИ ПАНЕВ

Засвети пред Бога застапувај се за нас маченику Христов!

Наташа Санев

СЕЌАВАЊЕ

ВАСИЛ МАРКОВСКИ - ЦИЛЕ

1939-2010

Сеќавањата на тебе вечно ќе живеат во сите нас.

Почивај во мир.

Од Семејството

СЕЌАВАЊЕ

МИХАЈЛО ВОЛКАНОВ

Животот е момент, сеќавањето е вечност, заборав не постои за оние кои те сакаат и ќе те сакаат додека постојат.

Сопругата Елена, ќерките Сања и Калина, зетот Златко и внукот Филип

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На 14.5.2022 година (сабота) се навршуваат 40 денови откако не напушти нашиот сакан татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

По тој повод, во 11:00 часот, ќе го посетиме неговиот вечен дом на градските гробишта во Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.

Горди сме што те имавме и секогаш ќе бидеш со нас.

Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука

ЖАЛНА ВЕСТ

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, со голема тага ја известува академската зедница, како и сите деловни пријатели и соработници дека на ден 10.5.2022 година, почина нашата истакнта и ценета

ЉИЉАНА СТЕВАНОВИЌ АНЧЕВСКА

(Виш предавач во пензија)

Со нејзината смрт, Факултетот изгуби ценет и признат работник, кој со својот труд и залагање придонесе за поголема препознатливост на Економскиот факултет – Скопје, како високообразовна институција во земјата и надвор од неа.

Нејзиниот лик на беспрекорен работник ќе остане во трајно сеќавање.

Комеморативната седница, по повод смртта на Љиљана Стевановиќ Анчевска ќе се одржи на 16. 5. 2022 година, на Економскиот факултет – Скопје со почеток во 10:00 часот.

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје                                                                              Економски факултет – Скопје

 

НЕПРЕБОЛ

Поминаа 40 денови без нашиот сакан, најмил и непрежален татко, свекор и дедо

ТАШИ ШЕКЕРОВ

Деновите поминуваат но болката и тагата не стивнуваат. Благодариме за прекрасните спомени кои ни ги остави и на кои вечно ќе се сеќаваме.

Си замина кога требаше најмногу да им се радуваш на твоите внуци Марио и Лука, кои бескрајно си ги сакаше.
Неизмерно ќе ни недостигаат твојата добрина, љубов и посветеност.
Засекогаш ќе живееш во нашите срца.

Со љубов и почит твоите Боркица, Ѓоко, Марио и Лука

СЕЌАВАЊЕ

Денес 13.5.2022 година се навршуваат четири години од смртта на нашиот сопруг, татко, свекор и дедо

Проф. д-р ОГНЕН ДАМЕВ

Засекогаш во нашите срца и мисли.

Со љубов и почит од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до нашиот сакан сопруг, татко и дедо

МОМЧИЛО БАКОВСКИ

(18.04.1953 - 12.05.2022)

Погребот ќе се одржи на 13.5.2022 (петок) во капелата на Градските гробишта во Бутел, во 11 часот.

Од сопругата Василка, ќерките Тања и Марјана  со семејствата

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

МИТЕВА МИРЈАНА

(1942-2021)

На 14 Мај 2022 година се навршува една година од смртта на нашата сакана мајка и баба Мира.

Поменот ќе се одржи на 14.5.2022 год. (сабота) во 11 часот, на Градските гробишта во Бутел.

Семејство Митеви

 

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На нашиот сакан сопруг, татко, дедо

ИЛИЈА НЕДЕЛКОВ ОГРАЈСКИ

 По тој повод, во сабота, на 14.5.2022 г. во 10 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на градските гробишта во Кавадарци. Измина една година исполнета со тага, сеќавања и гордост што те имавме. Твојата добрина, љубов и грижа за најблиските немаат заборав. Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца. Почивај во мир

Од ужаленото семејство

СЕЌАВАЊЕ

Изминаа цели 20 години од твоето заминување наш најмил Сопруг, Татко и Дедо

ГЛИГОР ДАЈЛИЕВ

24.8.1937-12.05.2002

Изгубивме голем човек со неизмерна љубов и добрина.

Споменот на твоето дело што започна во Дојранско Езеро, во В.Ф Керамика Гевгелија и 25 години директор на ЗОИЛ Македонија филијала Гевгелија, ни остави неизбришлив печат и придонес во нашите животи.

Вечно ќе се сеќаваме на тебе и ќе те носиме со љубов во нашите срца и мисли.

Од семејството Дајлиеви и Рендлер

ТАЖЕН ПОМЕН

МАРИЈА ГАЛЕВА

8 години

Во сеќавање на нашиот родител на ден 14.05.2022 година (сабота) со почеток во 11.00 часот ќе се одржи помен на Градските гробишта Бутел.

Со почит, гордост и благодарност од семејството

 

ТАЖЕН ПОМЕН

ХАРАЛАМПИЕ ГАЛЕВ

6 месеци

Во сеќавање на нашиот родител на ден 14.05.2022 година (сабота) со почеток во 11.00 часот ќе се одржи помен на Градските гробишта Бутел.

Со почит, гордост и благодарност од семејството