врати се на Слободен Печат

ТАЖЕН СПОМЕН

СВЕТЛАНА НИКОЛОВСКА

1972-2011

Во среда на 8.12.2021 година се навршуваат 10 тажни години откако не напушти и не си меѓу нас. Горди сме на тебе што ни беше ќерка и сестра. Бескрајно ни недостасуваш. Во тишината на вечниот мир-со тебе се постојано нашата љубов и мисли.

Вечно ожалостени Мајката Мимоза, сестрата Здравка со семејството

ДЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН

на

ГОЦЕ АРНАУДОВ

2011-2021

Со тага и болка вечно ќе живееш во нашите скршени срца. Горди сме што ни беше брат-пејач кој што со душа и љубов испеа безброј хитови што вечно ќе се паметат и пеат. Никогаш нема да те преболиме. Беше звезда која никогаш нема да згасне ниту во небесното царство. Живееше за песната и замина со песната  ”Ќе заминам без да заплачам „

Од сестрата Катица Арнаудоваи браќата Тимчо и Васко Арнаудови со семејството од Германија

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На саканиот

РАНИЌ ПЕРИВОЈЕ (Фоки)

За мене ти засекогаш ќе бидеш мојот вечен непребол.

Почивај во спокој во тишината на вечниот мир.

Од сопругата Цеце.

ЖАЛНА ВЕСТ

На ден 6.12.2021 г. почина нашиот сакан

ТЕОФИЛ СПИРОВ

(11.03.1948-06.12.2021)

Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел на 7.12.2021 од 12:30-13 часот.

Со љубов од ќерката Андриана, зетот Срџан, снаата Нермина и внуците

ТАЖЕН ПОМЕН

На ден 09.12 се навршуваат 4 години од смртта на нашата

ОЛИВЕРА КИТАНОВА МИЦЕВСКА

Со љубов и тага се сеќаваме на неа.

Семејство  Китанови

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на почитуваната

ПАВЛИНА КАРАНФИЛОВСКА

1927-2021

Дине, Злата, Лепа и Никола Мартиновски

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата

ЉУБИЦА ТАШКОВА

Живееше со душата за родната Битола.

Почивај во мир

Стефан и Васка Хаџи Андоновски

Драги роднини и пријатели,

Со голема жал сакаме да ве известиме дека нашиот сакан сопруг, татко и дедо

КОСТО АВРАМОВСКИ

(1929-2021)

си замина од овој свет. Си замина достоинствено, впрочем како што беше и целиот свој живот, голем, благороден, и полн со љубов за сите околу себе. Ќе го носиме неговиот спомен засекогаш во нас. Тој создаде големи работи во својот живот, но најзначајната е неговото семејство. Ние сме сите горди на него и на неговите дела и личност.

Почивај во мир, и биди со светлината, драг наш Косто!

Од неговите најблиски,

Анастасија, Наташа и Симон со семејствата

 

ЖАЛНА ВЕСТ

На ден 5.12.2021 година почина нашиот сакан сопруг, татко, свекор, дедо и прадедо

РАНИЌ ПЕРИВОЈЕ (Фоки)

(1934-2021)

Погребот е извршен на ден 5.12.2021 година на Градските гробишта Бутел.

Суровата вистина дека не напушти длабоко не растажи и потресе.

Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Секогаш ќе бидеш во моето срце, непребол мајкин!

СЛАВИША КАЈЕВСКИ

Од мајката Љуба, сестрата Марија, братот Илија и фамилијата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

СТЕВКОВ АЛЕКСАНДАР

1935-2021

За нас беше секогаш прекрасен сопруг, татко и дедичко .Со љубов и почит

Вера, Вали, Сандра и Стефан

НЕЗАБОРАВ

Денес, 4.12.2021 година се навршуваат две тажни години од прераната смрт откако неочекувано не напушти нашата непрежалена и сакана

ЛИДИЈА ТРАЈКОВСКА

Вечно ќе ни недостасуваш и ќе останеш во нашите животи во најубави сеќавања и незаборавни спомени. Нашата љубов постојано е со тебе.

Сопругот Трајко, децата Беки и Анамарија, снаата Џојс, внуците Мартин, Симон, Розалина, Самоил

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

На мојот сакан и почитуван сопруг

МИХАИЛ ЗАФИРОВ

По тој повод на 4.12.2021 година во 12 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом и оддадеме достојна почит.

Засекогаш во моето срце и мисли со вечна љубов и непребол. Ти благодарам за се. Почивај во мир.

Сопругата Емилија со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На ден 2.12.2021 година ненадејно почина нашиот сакан и почитуван син, брат и вујко

СЛАВИША КАЈЕВСКИ

1982-2021

Зесекогаш ќе останеш во нашите мисли и нашите срца.

Од таткото, сестрите, чичкото и тетката

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

СЛАВИША КАЈЕВСКИ

Врескај!

Врескај колку гласот те држи

Дур не ти попукаат гласните жици

Дур не засипниш та до деној после збор да не прогоориш

Ама врескај ко мака ти е

Ко те боли душата

Ко ти крвари срцето небаре некој за вечера ти го спрема

Та со ножот парче по парче откинува за да го зготви на пареа

Викај чоек!

Викај толку силно шо ќе се вџашат комшиите

И ич гајле да не бериш

Тие и онака те озборуваат за нешто

Викај за да не ти се наталожи пелин во тебе

За да не изрти во болест

Да не ти метастазира до умот

Да не биди после оти “арен беше, ама ете така си отиде”

Оти најбрзо си одат тие кои молчат

Од сестрата Славица со фамилијата

 

ЖАЛНА ВЕСТ

Со длабока жал и тага им соопштуваме  на сите роднини и пријатели дека ненадејно почина  нашиот сакан и почитуван син, брат и вујко

СЛАВИША КАЈЕВСКИ

1982-2021

Телото ќе биде изложено во капела од 12:00- 13:00 на гробиштата во Ѓ. Петров, а погребот ќе биде извршен на гробиштата во с. Орман

Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Многу ќе ни недостасуваш

СЛАВИША КАЈЕВСКИ

1982-2021

Од сестрата Наталија и Тијана

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ПАВЛИНА КАРАНФИЛОВСКА

(27.5.1927-1.12.2021)

Ќе недостасуваш многу Павлинче, нека ти е светол патот меѓу ѕвездите.

Со љубов Маре и Лица со фамилијата