врати се на Слободен Печат

НЕПРЕБОЛ

1095 дни

Др. КАТЈА ПАУНОВСКА

Стоматолог

Катја, љубов моја.

Мајка ми ме роди.

Ти ме одгледа.

Твојот Кирил

ТАЖЕН ПОМЕН

Изминуваат 3 години од упокојувањето на нашата мајка и баба

НАДЕЖДА ТОКАРЕВА

Род. КОЦЕВА

1934-2019

Времето не ја излечи болката, ја потисна длабоко во душата и ја претвори во вечна тага и непребол.

Мила мамо, со гордост и почит те носиме во мислите, со љубов те чуваме во срцето! Ти си нашиот ангел чувар, почивај во мир!

Поменот ќе се одржи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски ” во Скопје во недела (30.1.2022) во 11 часот.

Твоите најмили Марија, Викторија и Александар

 

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

СЛОБОДАНКА АНТОНИЈЕВИЌ

Утре, Сабота, (29 Јануари) се навршуваат 40 дена од смртта на нашата сакана и непрежалена сопруга, мајка, свекрва и баба.

Поменот ке се одржи на градските гробишта Бутел во 12 часот

Од сопругот Богољуб и синот Игор со семејството

СЕЌАВАЊЕ

На 1.2.2022 година се навршуваат дванаесет години откако не напушти нашата сакана мајка, ќерка и сестра

ЕЛИЗАБЕТА ПОПОВСКА

По тој повод на 1.2.2022( вторник)  година  во 10 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе и оддадеме достојна почит.

Од синот, мајката и братот

ДВАЕСЕТГОДИШЕН НЕПРЕБОЛ

На нашиот љубен и непрежален сопруг, татко, свекор и дедо

ЖИВКО ИВАНОВСКИ

19.7.1931-26.1.2002

Годините неможат да ги избришат спомените за тебе.

Оливера со семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

за нашиот сакан сопруг и татко

БОРЧЕ ТОДОРОВ

Изминуваат три тажни години од неговата прерана смрт. По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом во сабота на 29.1.2022 година на градските гробишта Бутел во 12.00 часот.

Секогаш ќе останеш во нашите мисли.

Те сакаат твоите Наде и Верица со фамилијата

ЖАЛНА ВЕСТ

Со голема болка и тага во душата им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на ден 25.1.2022 година почина нашата сакана и почитувана сопруга, мајка, нана и прабаба

АНКА МИТКОВА

Погребот е извршен на ден 26.1.2022 година на Градските гробишта Бутел.

Почивај во мир. Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца.

Од сопругот Владимир, ќерката Весна, синот Петар, снаата Татјана, внуците Игор, Ирена, Ана и Владимир, зетовците Дарко и Блаж и правнуците Галена и Рафаел.

IN MEMORIAM

По повод 100 годишнината од раѓањето на нашата сакана, почитувана и никогаш прежалена мајка

ОЛГА КАРАНОВСКА

26.1.1922

Со љубов и незаборав ќерката, синот, внуците и правниците

IN MEMORIAM

По повод 100 годишнината од раѓањето на нашиот сакан, почитуван и никогаш прежален родител

Др.ДУШАН КАРАНОВСКИ

1.2.1922

Со љубов и незаборав ќерката, синот, внуците и правниците

ЖАЛНА ВЕСТ

На 23 јан. 2022 год. почина нашиот мил татко, свекор и дедо

проф. д-р ЃОРЃИ СИНАДИНОВСКИ

Погребот ќе се изврши на гробиштата во Бутел во вторник 25 јан. 2022 год. Вечно ќе останеш во нашите срца. Почивај во мир.

Од синот Цветан и ќерката Елисавета со семејствата

 

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ГОРЈАНЧО СИМОНОСКИ

Почивај во мир голем и добар човеку

Со почит!

Билјана Бејкова со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ГОРЈАНЧО СИМОНОСКИ

Ти благодариме за поддршката.

НВО Инфоцентар

ЖАЛНА ВЕСТ

На 23.1.2022 почина нашиот сакан татко

ГОРЈАНЧО СИМОНОСКИ

Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на новите градски гробишта во Прилеп на 24.1.2022 година од 10.30 до 12 часот. Погребот ќе биде извршен во 12 часот.

Ќерката Елена, синовите Симон и Круме со семејствата

 

ПОМЕН

На 23.1.2022 се навршија 40 години од смртта на нашиот татко и дедо

БЛАГОЈА ВЕЛЈАНОВСКИ-ДРЛЕ

Вечно ќе останеш во нашите сеќавања.

Со љубов и почит од семејството Велјановски

ДВЕГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршуваат две години од смртта на нашата сопруга, мајка и баба

Проф д-р НАДЕ КИРИЈАС

По тој повод во недела 23.1.2022г во 12ч ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел да положиме цвеќе и оддадеме почит.

Од сопругот Вили, децата Алек и Кони со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата соученичка

МАГДЕ ГЕОРГИЕВА

Род. МИНЧЕВА

Во знак на другарство и почит изразуваме длабоко жалење за твоето заминување.

Ќе те памтиме како вредна, одговорна и достоинствена личност.

Ќе ни фалиш на нашите дружби.

Од твоите соученици од Гимназија Јосип Броз Тито

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

 на

ЗОРАН ТОЗИЈА

Другар и пријател за вечност.

Од другарите: Папа, Гроф, Штроле, Моне, Стево Божин, Еди

НЕПРЕБОЛ

Една година кај што другаруваш со вечноста и ѕвездите.

Небото е само прашинка од љубовта што ни ја дари. Ти беше и ќе останеш нашето изгрејсонце!

До следната заедничка прегратка со нашиот љубен син и брат

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Во недела во 11:30 часот ќе го посетиме твоето почивалиште во Бутел.

Од таткото Душан, мајката Ружа и сестрата Елена