врати се на Слободен Печат

ЕДНОГОДИШЕН НЕПРЕБОЛ

На нашиот љубен и непрежален внук

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Слава ти!

Семејството Узуновски: вујкото Љубе, вујната Татјана и братучедите Јане и Ива, Саше и Марија

ЖАЛНА ВЕСТ

На ден 19.1.2022 година почина мојот сакан сопруг

МИРОСЛАВ ПАТРНОГИЌ

Погребот ќе се изврши на 21.1.2022 година во 13 часот на гробиштата во Лисиче.

Најсакан мој, Ти благодарам за неизмерната љубов и прекрасен живот во нашите 62 години брак.

Почивај во мир.

Добрите луѓе никогаш не умираат.

Од сопругата Љиљана

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

На 26.1.2022 година се навршуваат три години од смртта на нашиот татко

ЕФТО СПИРЕСКИ

Адвокат

По тој повод на 22.1.2022 година во 12:30 часот ќе го посетиме неговото почивалиште на гробиштата во Никифорово  за да му оддадеме почит.

Поминаа три години без тебе тато, а спомените се живи и твојот неповторлив дух е длабоко врежан во нас. Многу ни недостигаш.

Нека ти е вечна слава.

Со љубов твоите деца Марија, Елена и Виктор

ТАЖЕН ПОМЕН

Помина една година без нашиот сакан сопруг и татко

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Ни недостасуваш премногу. Загубата е огромна, а споменот вечен.

Почивај во мир, најмил!

твоите Искра и Оливер

ЕДНОГОДИШЕН НЕПРЕБОЛ

На мојот љубен и непрежален внук

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Слава ти!

Од стрикото Деспот Казанџиевски

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

На ден 20.1.2022 година се навршуваат три години од смртта на нашата сакана мајка и баба

Примариус Д-р ЉИЉАНА ЈОРДАНОВА ЧИТКУШЕВА

Со гордост те споменуваме, со голема љубов те чуваме и засекогаш ќе те носиме во нашите срца.

Твоите најмили.

Синот Људмил и ќерката Васја со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот сакан внук, нашиот непребол

МАРЈАН ВАСИЛЕВСКИ

Вечно ќе те носиме во нашите срца и мисли.

Од тета Виолета и тетин Сокол

 

СЕЌАВАЊЕ

на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

СТОЈКО ИВАНОВСКИ

Годините не можат да ги избришат спомените за тебе. Те сакаме.

Твоите Стојанка, Марина, Бети, Сашо, Дејан, Ангела и Наталија

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот сакан

МАРЈАН ВАСИЛЕВСКИ

Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и мисли.

Од  братучетките Јуле и Весна со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот почитуван сосед

КИРИЛО НИКОЛОВ

Почивај во мир, вечен спомен

Станарите од зградата бр.87 на Булевар Илинден, Скопје

Сеќавање

Поминаа две тажни години без тебе тато.

Димче Николовски

Почина на 19 јануари 2020

Најмили наш, горди сме што сме твои  деца. Бескрајно ти благодариме за се што стори за нас. Се сеќаваме на тебе со љубов, тага и гордост. Почивај во мир, вечно ќе живееш во нас.

Од синот Никола и ќерката Соња со семејствата.

Четириесетдневен помен

Во вторник на 18 јануари 2022 година се навршуваат 40 дена од смртта на нашиот сакан

ПЕТАР ВЕСОВ – ПЕКО

Поменот ќе се одржи на 18 јануари , во 12:30 часот, на Градските гробишта Бутел .

Од семејството

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

МЕНКА ЃУРЕВСКА

20.06.1946 – 09.12.2021

Како сопруга, мајка, баба и прабаба, живееше тивко без многу врева и како живееше така замина, без збогум. Ти благодараме што беше дел од нашите животи, а ќе останеш вечно во нашите срца и мисли.

ПОМЕНОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 17.01.2022 ГОДИНА ВО 11,30 НА ГРОБИШТАТА ВО СЕЛО ‘РЖАНИЧИНО

Тони Ѓуревски

Сеќавање

Поминаа две тажни години без тебе мамо.

Спасија Николовска

Почина на 17 јануари 2020

Најмила наша, горди сме што сме твои  деца. Бескрајно ти благодариме за се што стори за нас. Се сеќаваме на тебе со љубов, тага и гордост. Почивај во мир, вечно ќе живееш во нас.

Од синот Никола и ќерката Соња со семејствата.

Тажен помен

На 14.1.2022 година се навршува една година откако не напушти нашата непрежалена

Д-р ПАВЛИНА МАРКОВСКА

14.1.2021 – 14.1.2022

Засекогаш ќе те носиме во нашите срца.

Слава ти!

Тагувајки : Ана, Слободан, Аријана, Ордан, семејствата Котевски, Марковски и Диклиќ

ГОДИШЕН ПОМЕН

МАРА ЏОЛЕВА

Ангелу мој!

Сатаната камуфлирана во Ковид -19 грубо те откина од мојата прегратка. Но таа никогаш нема да те ископа од моето битие, зошто ти вечно ќе пулсираш во моите дамари, душа и срце до нашата понова средба во бескрајното небесно синило.

Во сабота на 15.1.2022 година во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров ќе даваме годишен помен .

Сопругот Јосиф со синовите Антонијо и Ѓорги

Помен

На 16-ти Јануари 2022 година изминуваат дваесет години без нашата сакана сопруга, и мајка

ФАНИ БОРИСАВЉЕВИЌ

Недостасуваш секогаш…

Твои Милош, Ана и Биљана

Едногодишен помен

ОЛГИЦА АТАНАСОВСКА

16.1.2021-16.1.2022

Ќе те памтиме засекогаш по огромната љубов и посветеност што ни ја даваше.

Твојот син Стојче, ќерката Весна ,сестрата Стојне, зетот Виктор и внучињата Мајкл и Стефан .