ЖАЛНА ВЕСТ
На ден 27.12.2021 година почина нашиот
АЛЕКСАНДАР АНТИМ РАДЕВСКИ
Дипл.град.инж
Роден на 17.2.1931 година во с. Робово
Погребот ќе биде според ковид мерките на Градските гробишта Бутел на 29.12.2021 во 13:30 часот.
Со голема почит и љубов сопругата Беба, синот Владимир, снаата Ебру, ќерката Анета и неговите сакани внуци Мартин, Бојан и Александар Ата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
Со длабока тага и болка им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашата мила и непрежалена мајка и баба
ЉУБИЦА САЛАТОСКА
почина на ден 25. 12. 2021 и не остави вечно да жалиме за неа.
Погребот е извршен на 26. 12. 2021 година на гробиштата Бутел во кругот на потесното семејство
Ожалостени ќерките Виолета, Милка и Јадранка со своите семејства
ТАЖНА ВЕСТ
Со голема тага, ги известуваме сите наши роднини и пријатели, дека на ден 24.12.2021 почина нашата сакана
Примариус Д-р КАТЕРИНА ДЕМБОСКА
(родена ЈАНЕВА)
Гинеколог Акушер
Погребот беше извршен на ден 25.12.2021 на градските гробишта Тетово.
Најмила Катице, засекогаш ќе останеш во нашите сеќавања.
Oд синовите Горан и Зоран, снаите Дајана и Светлана и внуците Александар, Душко, Дарко, Катерина и Кирил.
ТАЖЕН ПОМЕН
На ден 28.12.21 година се навршуваат две години од смртта на нашата мајка, свекрва и баба
СПАСЕНИЈА КИТАНОВА
Секогаш ќе бидеш во нашите мисли и сеќавања
Семејство Китанови
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
АНГЕЛЕ ЕФТИМОВ
2018 – 2021
Бескрајно недостасуваш!
Засекогаш во нашите мисли и сеќавања .
Со љубов Марина со семејството
IN MEMORIAM
КИЧА БОРОЗАН ПАНОВСКА
седум години и шест месеци
Ќерките Радмила и Соња со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата
ВИКТОРИЈА РОБЕВА РАМАДАНОВИЌ
Почивај во мир и спокој мила сестро Рија,
Ти посакуваат братот Иванчо, внуците Кочо и Оливера со семејствата
СЕЌАВАЊЕ
Поминаа 4 тажни години без тебе
ТОМО ГРУПЧЕВ
Фамилија Групчеви
IN MEMORIAM
ГЕОРГИ ПАНОВСКИ
пет години
Ќерките Радмила и Соња со семејствата
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата
ВИКТОРИЈА РОБЕВА РАМАДАНОВИЌ
Почивај во мир и спокој мила Рија
Ти посакуваат сестрата Мимоза и внуката Здравка со семејството
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Одбележуваме една тажна година од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо.
ВАСИЛ АЛЕКСОВ
По тој повод, на 25.12.2021 година, во 11:00 часот ќе го посетиме неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел да оддадеме почит.
Во мислите и срцата навираат твоите спомени и дела, правејќи нè горди и благодарни што те имавме во нашите животи.
Сакан наш, нека те следи нашата љубов, имај светол пат и почивај во мир.
Од сопругата, синот и внуките.
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На нашата мила, сакана, почитувана и никогаш незаборавна сопруга, мајка, свекрва и баба
МЕРИ ШЕКЕРОВА
По тој повод, на 25.12.2021 год. (сабота) во 12:00 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме достојна почит и положиме свежо цвеќе.
Засекогаш ќе те носиме во нашите срца.
Со љубов и почит сопругот Таши, синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука
НЕПРЕБОЛ
Шест месеци на неизмерна тага и огромна болка, без Тебе, Твојата неизмерна љубов и добрина, посветеност и грижа за сите нас.
МЕРИ ШЕКЕРОВА
Деновите се нижат, тагата е неизмерна. Ни одлета така брзо, нечујно… сеуште не сме свесни дека те нема.
Насекаде околу нас е присутна твојата широка насмевка и ведрина, одекнуваат твоите зборови полни со милост, топлина, љубов и безрезервна поддршка.
Мери, ти си незаборавна сопруга, мајка, свекрва и баба, твоите дела и љубовта што ни ја даруваше Те прават безвременска и вечна!
Споменот за Тебе е највредниот дар што го носиме во нашите срца.
Со љубов и почит засекогаш твоите Таши, Ѓоко, Боркица, Марио и Лука
С Е Ќ А В А Њ Е
Во сабота на 25.12.2021 година ќе се сетиме на нашата најмила сопруга и мајка
ХАРИКЛИЦА К. ВЕЛКОВСКА
Поминаа дваесет години без тебе,дваесет години тага и непребол. Се сеќаваме сега и засекогаш.
Твоите: Томе, Калина и Атанас
СЕЌАВАЊЕ
академик проф.Др. ЃОРЃИ ФИЛИПОВСКИ
Се навршија две години од заминувањето на нашиот татко,дедо и прадедо
Нека му е вечна слава и памет.
од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
На нашиот брат, девер, чичко и дедо
БРАНКО КАЦАРСКИ
1956-2021
Од братот Кокан, снаата Лиле, внуците Владимир и Мико со семејствата Кацарски
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
за нашиот почитуван татко и дедо
ЖИВКО БОЖИНОВСКИ
Засекогаш остануваш во нашите мисли и срца. Почивај во мир.
ќерката Весна со семејството
СЕЌАВАЊЕ
на денешен ден, пред осумнаесет години, почина нашиот
ДРАГОЉУБ СТАВРЕВ
ЉУПЧО
Сакан и почитуван сопруг, татко и дедо.
Од сопругата и од синот и ќерката со своите семејства.