врати се на Слободен Печат

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата сакана мајка, свекрва и баба

СЛОБОДАНКА АНТОНИЈЕВИЌ

Од синот Игор и семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

МАРГАРИТА АТАНАСОВСКА

Поминаа три тажни години како три дена откако те нема помеѓу нас. Почивај во мир, те спомнуваме во нашите мисли.

Поменот ќе се одржи на 25.12.2021 год. во 9:30 часот во црквата Свети Никола во Крушево.

Ожалостени сопругот Васе и ќерките Елена и Стефанија

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На ден 21 декември 2021 година почина нашата сопруга, мајка и баба

СЛОБОДАНКА АНТОНИЈЕВИЌ

Изгубивме прекрасен човек. Ќе тагуваме засекогаш во нашите срца.

Погребот ќе се изврши на 22.12.2021 година на Градските гробишта Бутел во Скопје во 12 часот

Од семејството Антонијевиќ

СЕЌАВАЊЕ

ВЛАДИМИР ДИМОВСКИ

1957-2016

Најмил наш Ти благодариме за се што стори за нас. Се сеќаваме на тебе со љубов, тага, гордост. Вечно ќе живееш со нас.

Почивај во мир.

Милка, Соња, Трајче, Данчо, Наташа

СЕЌАВАЊЕ

Во вторник на 21.12.2021 г. се навршуваат 12 години од прераната смрт на нашиот сакан и непрежален сопруг, татко, син и брат

ИГОР НАЈКОВ

 

По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Времето не лечи рани, деновите не носат заборав.

Споменот за тебе е највредното што го носиме во нашите срца.

Со љубов, твоите Маја и Матеа, таткото Костадин и мајката Катерина, братот Васко со семејството

СЕЌАВАЊЕ

ИВАН ДИМОВСКИ

1930-2000

Најмил наш Ти благодариме за се што стори за нас. Се сеќаваме на тебе со љубов, тага, гордост. Вечно ќе живееш со нас.

Почивај во мир.

Милка, Соња, Трајче, Данчо, Наташа

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до саканата братучетка

СНЕЖАНА РАДЕСКА

Од Ружица Јосифовска со фамилијата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до саканата братучетка

СНЕЖАНА РАДЕСКА

Од Димитар и Светлана Јосифовски со фамилијата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

СНЕЖАНА РАДЕСКА

Горда сум што те имав мајко,вечно ќе живееш во моето срце.Тие што се сакани никогаш не умираат.

Од Драгана

НА НАШИОТ

ПЕТАР ВЕСОВ-ПЕКО

Заедно растевме, се дружевме, сакавме. Не се збогуваме, не се простуваме. Те испраќаме на пат. Секогаш ќе бидеш дел од нас. Твојата мила насмевка, твоите топли очи ќе ни го осветлуваат патот, каде повторно еден ден ќе се сретнеме.

Останаа уште многу дружби не одржани, уште многу зборови недоречени.

Добар ти пат другар наш, добар ти пат, наш Пеко. Длабоко сочувство до семејството.

Од другарите: Мики, Сале, Штрк, Рашо, Жаре, Брко, Пеце, Злате уи кумот Црни-Зоче.

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

ДАНА МУКАЕТОВА

Денеска се навршува една година откако сме без тебе. Многу ни недостигаш. Тажни сме без тебе.

Глигор, Ласко, Лилјана и Дорота

ОСУМГОДИШЕН ПОМЕН

ЉУПЧЕ ГОЦЕВСКИ

„ДАРДО”

Осум години без тебе ништо повеќе не е исто, ни денот е ден, ни ноќта е ноќ, само болката е иста.

Времето што помина без тебе не носи заборав, туку љубов, сеќавање и спомени внуче наше Љупче.

На 20.12.2021 г. ќе положиме свежо цвеќе на неговиот вечен дом во Струмица

Баба и Дедо

ЖАЛНА ВЕСТ

Со голема тага известуваме дека на ден 17.12.2021  почина нашиот сакан и почитуван сопруг, татко, свекор и дедо

прим д-р ВЛАДИМИР ЈЕКИЌ

Погребот ќе се изврши во недела, 19.12.2021 во 13 часот на Градските гробишта Бутел, Скопје.

Тато, засекогаш ќе останеш во нашите најубави сеќавања.

Сопругата Жана, синот Горан, снаата Марија и внуците Андреа и Ненад

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

ВЛАДИМИР ЈЕКИЌ

Нека ти е светол патот до спокојната вечност

Жане

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

 на нашиот

КОЉО МАРКОВСКИ

Со почит и љубов ќе се сеќаваме на тебе

сестрата Восре со фамилијата

 

С Е Ќ А В А Њ Е

ПАВЛИНА МАЈНОВА

2011-2021

Поминаа десет години од твоето заминување.

Спомените и сеќавањата остануваат вечни.

Сопруг Петре Мајнов

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

За нашата почитувана сопруга и мајка

ЦВЕТАНКА ЖУНГУЛОВА

1946-2020

По тој повод на 18-ти Декември, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом, и ќе положиме свежо цвеќе.

Секогаш останува во нашите мисли и сеќавања, за годините поминати заедно.

Од сопругот Ратко, со синовите Владимир и Бојан

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

НАДА ЛУКИЌ

Поминаа три години.

Во срцата на нашите деца, нашите внуци се слуша рефренот за твоите очи, како сиви галаби мила моја

Твој Пецо со децата и внуците