врати се на Слободен Печат

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот сакан брат и чичко

ЗЛАТКО АНДРЕЕВ

1945-2023

Почивај во мир! Секогаш во нашите спомени и мисли.

Борко и Кика со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот сакан

ЗЛАТКО АНДРЕЕВ

1945-2023

Те испраќаме

Со љубов и незаборав

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

АЛЕКСАНДАР С. НИКОЛОВСКИ

(1986-2023)

Со почит.

Неговото семејство: сопругата Оливера, ќерките Билјана и Гордана и синот Горан  со семејствата

26 ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ

Сакам кога ме викаш Голем Тато…

КРИСТОФЕР "БИГИ" ВОЛИС

21.05.1972-09.03.1997

Поменот ќе се одржи на 9 Март, четврток, во МКЦ Клуб со почеток во 21:00 ч.

Вечно твои: ФАНКИ ФРЕШ со другарите.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека на 2 март нè напушти нашиот сакан татко и дедо

МИРОСЛАВ МИЧО САЛОМ

(1946-2023)

Погребот ќе се одржи на 10 март, петок, во 11.00 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

На 5 март се навршуваат 40 години од прераната смрт на нашиот татко и дедо

АЛЕКСАНДАР ЧАДИКОВСКИ

1983-2023

Горди сме што те имавме.

Со почит и незаборав.

Од ќерките Радица и Марга, зетот Никола и внуците.

СЕЌАВАЊЕ

На 5.3.2023 година се навршуваат триесет години од смртта на мојата сакана и почитувана снаа

ЛЕНЧЕ БУЦЕВСКА

5.3.1993-5.3.2023

Со љубов и почит,

Золвата Магдалена

СЕЌАВАЊЕ

На 5.3.2023 година се навршуваат триесет години од трагичната смрт на нашата сакана и почитувана мајка

ЛЕНЧЕ БУЦЕВСКА

5.3.1993-5.3.2023

Секогаш во нашите срца и мисли.

Ќерките Јасмина и Весна

СЕЌАВАЊЕ

Оваа година обележуваме еден век од раѓањето и десет/девет години од смртта на нашите родители

ЦВЕТА И МЕТОДИЈА

(1923-2013) (1923-2014)

Со почит, љубов и благодарност ги чуваме спомените на нив и нивните идеали.

Ана и Слободан Котевски со семејствата.

ТАЖЕН ПОМЕН              

Изминува тажна година без нашата мила, сакана

ХРИСТИНА АРСОВА

1948 - 2022

По тој повод на 4-ти Март, во Сабота, во 12:00 часот, ќе се собереме на Градските гробишта во Бутел да и оддадеме почит и љубов. Таа само физички не е со нас, присутна е секој ден да ни се насмевне, да не потсети, да бдее и да не грее.

Со љубов, Семејството

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Деновиве се навршуваат три години откако не напушти нашиот сакан и почитуван татко, свекор и дедо

РАДЕ АТАНАСОВСКИ

1926-2020

Горди сме што те имавме, секогаш ќе останеш со нас.

Те сакаат ќерката Ленче и синот Јонче со семејствата

 ВО СПОМЕН

На 47 години од загинувањето во тешка сообраќајна несреќа на Марија и Коста

Поп Ристови на 1 март 1976 година.

КОСТА ПОП РИСТОВ

- Д Е Л Ч Е В -

Носител на „Партизанска споменица 1941“

Полковник на Народна милиција на Република Македонија

Од Борците и соборците на НОАВМ и Продолжувачите од Скопје, Валандово,

Гевгелија и Богданци, со Детската градинка и со семејствата Поп Ристови.

СЕЌАВАЊЕ

СТАМАТ ЧАЛОВСКИ

2017-2023

Секогаш со Љубов и Почит во нашите сеќавања.

Од фамилијата

СЕЌАВАЊЕ

ЕЛЕНА ЧАЛОВСКА

2012-2023

Секогаш со Љубов и Почит во нашите сеќавања.

Од фамилијата

ЖАЛНА ВЕСТ

  Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, со голема тага ја известува академската зедница, како и сите деловни пријатели и соработници дека на ден 23.2.2023 година, почина нашата истакната и ценета редовен професор во пензија

Проф. д-р СНЕЖАНА ПЛАВШИЌ

Со нејзината смрт, Факултетот изгуби ценета и призната професорка, која со својот труд и залагање придонесе за поголема препознатливост на Економскиот факултет – Скопје, како високообразовна институција во земјата и надвор од неа.

Нејзиниот лик на беспрекорна професорка ќе остане во трајно сеќавање.

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје                                                                                  Економски факултет – Скопје

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

РУЖА ДИМИШКОВСКА

27.02.2016 - 27.02.2023

Времето незапирливо одминува, но ти остануваш во нашите мисли, души и срца.

Твоите Димитрие, Билјана и Ана со семејствата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На нашата сакана сопруга, мајка, баба и свекрва

ВЕРКА ЛУКОВСКА

(1945-2023)

По тој повод во недела на 26.02.2023 година во 12:30 часот на Градските гробишта Бутел ќе се одржи четириесетдневен помен.

Од семејството

СЕЌАВАЊЕ

на саканиот татко, дедо и прадедо

Проф. МИЛАН ГЕОРГИЕВСКИ

Поминаа 4 години како не си меѓу нас, но годините не можат да ги избришат спомените за тебе. Многу ни недостасуваш… Почивај во мир.

Ќерката Бети со семејството