врати се на Слободен Печат

Последен поздрав 

Знаеше да ги препознаеш можностите и во најтешките моменти на оваа земја, да го употребиш твоето големо знаење, дипломатско искуство, тактичност и мудрост, учествувајќи во поставувањето на темелите на нејзината независност и државност.

Ќе останеш запаметен како либерал кој вистински ја разбираше демократијата, човековите права и слободи и развојот на пазарната економија. Беше и раскажувач, хроничар на турбулентните времиња во кои живееме и хуманист. Знаеше да сослушаш, но и да дадеш совет и поддршка на помладите.

Историјата ќе го потврди твоето визионерство, лидерство и мудрост. Чест ми е што те познавав и што можев да се наречам твој пријател.

Почивај во мир голем човеку.

Стојан Андов

Светозар Јаневски, 18 јуни 2024

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

До нашиот почитуван и сакан

ИВАН АНДРЕЕВСКИ МАЧЕ

Почивај во мир, драг пријателе.

Од Татјана, Мирослав и Владимир Јовановиќ со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на почитуваниот

ЃОКО ТОЗИЈА

од Костадинка Мартиновска, Марика и Слободан Каранфилови со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до нашиот почитуван сват

ИВАН АНДРЕЕВСКИ МАЧЕ

Почивај во мир.

Од Мирјана и Зоран Блажевски со семејството

ТАЖНО СПОМНУВАЊЕ

Минаа месеци

Мина година прва

Мина година втора

Мина година трета

ОТКАКО СИ ЗАМИНА И НЕ ОСТАВИ ДА ТАГУВАМЕ

МИРКА

Ристо, Сандра, Игор

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
На 23. 6.2024 год.(недела), се навршуваат 6 (шест) месеци од смртта на нашата сакана мајка и баба

СОФИЈА ЛУЗЕВСКА

1939-2023

По тој повод ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.

Поменот ќе се одржи во 10 часот на 23.6.2024 година.

Секој ден си присутна во животот и мислите на твоите ќерки.

Со почит,

од ќерките Грета Лузевска и Виолета Лузевска Србиновска

ГОДИШЕН ПОМЕН
Денес, 15.6.2024 год. се навршува една година од смртта на нашиот сакан и почитуван сопруг, татко и дедо

НИКОЛА ШЕТЛОВ

Засекогаш ќе те паметиме по својата ведрина , добрина и смиреност.

Твојот позитивен лик ќе остане во нашите срца и мисли.

Со љубов и почит од сопругата Сузана, ќерките Јана и Тања со семејствата

IN MEMORIAM

ГЕОРГИ ПАНОВСКИ

седум години и шест месеци

Ќерките Радмила и Соња со семејствата

IN MEMORIAM

КИЧА БОРОЗАН ПАНОВСКА

десет години

Ќерките Радмила и Соња со семејствата

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

МИЛАН ДОГАНЏИСКИ

Поменот ќе се одржи на 15.6.2024 на Градските гробишта Бутел во 10 ч.

Со почит: Од ќерката Марија и внукот Васил

ГОДИШЕН ПОМЕН

на мајката

МЕНКА НИКОЛОСКА

1930-2023

Поменот ќе се одржи на 16.6.2024 на гробиштата во Горно Лисиче во 10 ч.

Од синовите и ќерката со фамилиите

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

ПАНЧЕ СМИЛЕВСКИ

од Скопје

По тој повод во сабота, 15.6.2024 во 10.00ч. ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе му оддадеме достојна почит.

Со почит: Сопругата Гордана, синовите Младен и Игор со семејствата

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

СЛОБОДАН ВАСЕВСКИ

др. хирург од Скопје

По тој повод во сабота на 15.6.2024 ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел за да му оддадеме достојна почит.

Со почит: Сестрата Гордана и синовите Игор и Младен со семејствата

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на мојата мајка

ИЛИЌ РУЖА

род. Блажевска

Остана нејзината добрина и благост засекогаш во нас.

Поменот ќе се одржи на 14 Јуни,Капела ГГ Бутел 10:30ч

Илиќ Жан

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

На нашите сакани родители

КОСТАДИНКА ЃОЗЕВА

( Род. ШУКРИЕВА)

17 години

Со гордост Ве споменуваме и се сеќаваме, со љубов Ве чуваме во нашите срца.

Многу ни недостасувате, почивајте во мир.

Ванѓе и Мите Стефанови со внуците, ќерките и зетовците

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ

На нашите сакани родители

НИКОЛА ЃОЗЕВ

20 години

Со гордост Ве споменуваме и се сеќаваме, со љубов Ве чуваме во нашите срца.

Многу ни недостасувате, почивајте во мир.

Ванѓе и Мите Стефанови со внуците, ќерките и зетовците

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Изминаа три тажни и болни години од смртта на нашиот почитуван и сакан сопруг, татко и дедо

РИСТО ДИМОВСКИ

мр. инж. Агроном

3.5.1936

Поменот ќе се одржи на 9.6.2024 година во 11 часот.

Како минува времето се потешко е без тебе, но знај вечно ќе живееш во нашите срца, мисли и спомени.

Неутешни

сопругата Елена, ќерката Марина, синот Горан, внукот Даниел

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашиот брат, девер, чичко и дедо

НИКОЛА (НИКО) БАБУШКОВ

1938-2024

Многу ќе ни недостасува, посебно за матине.

Браќата Кочо, Миро и Бране со семејствата