СЕЌАВАЊЕ
на најсаканиот брат
ПАВЛЕ ПАВЛЕВ
28.6.1982-7.7.2024
Засекогаш во нашите мисли и нашите срца.
Од бато
СЕЌАВАЊЕ
за
МАРКОСКИ ЦВЕТКО
Поминаа 5 години откако не напушти засекогаш.
Многу ни недостасуваш, а најмногу на мене, твојата сопруга.
Почивај во мир.
Од синовите Славчо и Љупчо со семејствата, внуките Ангелка и Ивана и сопругата Борика Маркоска
СЕЌАВАЊЕ
на саканиот внук
АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
(6.7.1996-6.7.2024)
Секогаш во нашите мисли и сеќавања.
Билјана, Анастазија и Тео
СЕЌАВАЊЕ
на саканото синче и братче
АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
(6.7.1996-6.7.2024)
Најмил,
времето како песок тече низ нашите раце, ветрот ги носи деновите, месеците и годините, но љубовта за тебе е безвременска и чука во нашите срца, секој ден од нашето живеење.
Премногу ни недостасуваш ангелу наш најсакан!
Од твоите најсакани
мајката Весна Герасимовска и сестрата Билјана
ПОМЕН
На ден 6.7.2024 год. се навршуваат четириесет дена од смртта на организаторот на ООЗТ-МРТТ(мерно-регулациона техника и телекомуникации) ЖЕЛЕЗАРА-Скопје
БЛАГОЈЕ ДИМИТРОВ
дипломиран инг.
1929-2024
Благодариме. Почивај во мир.
Братот Љубомир и пријателите
СЕЌАВАЊЕ
На 1.7.2024 се навршија 13 години откако почина нашиот драг и почитуван
ВЕЛЕ АРСОСКИ
-ГАРИ-
Спомените и сеќавањето се одлика на големи луѓе.
Почивај во мир.
Сестрата Трајка со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ НА НАШИОТ ПРИЈАТЕЛ
АЛЕКСА
ПОЧИВАЈ ВО МИР.
ПРИЈАТЕЛИТЕ ОД “ЗЕБРА”
СЕЌАВАЊЕ
ВИТА ЧАВДАРОВA
2017-2024
Времето поминува, но спомените за вас остануваат вечно
Од ќерката Соња со фамилијата
СЕЌАВАЊЕ
ЧАВДАРОВ АНДОН
2008-2024
Времето поминува, но спомените за вас остануваат вечно
Од ќерката Соња со фамилијата
ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН
На 28.6.2024 година (петок) се навршуваат 40 (четириесет) дена од смртта на нашата сакана, драга и почитувана сестра, тетка, баба и прабаба
проф. Магдалена Групче
1929-2024
Без разлика на годините, болката при разделбата со саканата личност е секогаш голема. Ти ќе останеш засекогаш присутна во нашите мисли и срца
Со љубов и почит,
Од семејството
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
На 1.7.2024 година се навршуваат 3 години откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва и баба
МЕРИ ШЕКЕРОВА
(1948 – 2021)
По тој повод, на 28.6.2024 год.(петок) во 11:00 часот, ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме почит и положиме свежо цвеќе.
Споменот за Тебе е највредниот дар што засекогаш ќе го носиме во нашите срца.
Љубовта што ни ја подари, твојата добрина и пожртвуваност, Те прават незаборавна и вечна!
Со љубов и почит синот Ѓорѓи, снаата Боркица и внуците Марио и Лука
ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН
Се навршува една тажна година од смртта на нашиот сакан татко и дедо
Проф. д-р ВЛАДО ТИМОВСКИ
По тој повод, ќе го посетиме неговиот вечен дом на 29.6.2024 (сабота) во 10 часот на гробиштата во с. Ново Коњарево, Струмичко за да оддадеме достојна почит.
Од ќерката Ана, зетот Мите, внуците Анџела, Милан, Владимир и сваќата Живка
ТРИГОДИШЕН ПОМЕН
Поминаа три тажни години откако не напушти нашата неизмерно сакана сопруга, мајка и баба
СЛАВИЦА НАЧЕВСКА-СЛАВЧЕ
По тој повод, на 30.6.2024 год. (недела) во 12:00 часот на Градските гробишта Бутел ќе го посетиме нејзиниот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.
Од сопругот Марјан- Маки, синот Виктор и ќерката Наталија со семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
Почитувани роднини, пријатели и познаници, ве известуваме дека на ден 25 јуни 2024 година нашиот сакан и почитуван татко, дедо, сопруг и пријател не напушти од овој свет!
МИЛЧО МИХАЈЛОВСКИ
Последниот поздрав ќе може да му го оддадеме на ден 27 јуни во 10 часот во Капелата на Градските гробишта Бутел- Скопје.
Тато, за жал не напушти и ти, но твојот лик и твоите зборови вечно ќе живеат со нас и во нас… Горди сме и среќни што те имавме за татко! Ќе останеш вечно во нашите срца, души, сеќавања…
Почивај во мир прекрасен човеку! Последен поздрав од твоите ќерки со семејствата
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на
ТОФИЛО ЗДРАВКОВСКИ
ТОФИЛО беше сакан родител и дедо, чие присуство беше исполнето со љубов и добрина.
Неговата насмевка, топлина и несебична љубов ќе останат запаметени засекогаш.
Погребот се изврши во понеделник, 24.6.2024 на Градските гробишта Бутел.
од Викторија, Владо , Теодор и Бодан
ЖАЛНА ВЕСТ
Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на
ТОФИЛО ЗДРАВКОВСКИ
ТОФИЛО беше сакан родител и дедо, чие присуство беше исполнето со љубов и добрина.
Неговата насмевка, топлина и несебична љубов ќе останат запаметени засекогаш.
Погребот се изврши во понеделник, 24.6.2024 на Градските гробишта Бутел.
од Орце, Викторија, Тео и Дарија
ЖАЛНА ВЕСТ
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека на ден 20.6.2024 година почина нашиот сакан сопруг, татко, свекор и дедо
БРАНКО ТАНТУРОВСКИ
1939-2024
Погребот е извршен на 22.6.2024 година на Градските гробишта Бутел.
Почивај во мир.
Од сопругата Надежда, ќерката Искра и синот Тодор со семејствата
ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
на нашиот брат
ИВАН ТОПУЗОВСКИ
Поминаа шест тажни и болни месеци од твоето заминување засекогаш брате.
По тој повод на 25.6.2024 (вторник) во 9 и 30 часот на гробиштата во Бутел ќе го посетиме неговиот вечен дом за да му оддадеме достојна и заслужена почит на нашиот мил брат и да положиме свежо цвеќе.
Вечно ожалостени сестрата Темјана и братот Павле