врати се на Слободен Печат

СЕЌАВАЊЕ

МАРИКА ПАУНОВСКА

Пет години те нема, но ти остана да живееш во нашите срца. И уште си тука, со нас, секој ден. Пет години морници од тага еруптираат во нашите тела. Сѐ не боли, но ние ја прегрнуваме болката. Ти беше нашиот живот, нашиот компас, нашата ѕвезда северница, која сѐ уште свети и ни го покажува патот.

Почивај во мир.

Синот Игор, снаата Дафина и внукот Борис

СЕЌАВАЊЕ

 МИКА

Поминаа пет години откако замина во вечноста, изгаснувајќи го сонцето на моето небо. Пет години празнината на твоето отсуство одекнува со морничаво ехо во моето срце, а датумот 22.7.2018 година виси како некој ангел на смртта на мојот календар. Во сите мои книги, во секој мој збор, во секоја точка, се криеш ти како полен. Сѐ што напишав во моите книги, е во твој знак. Ах, Мика, ми останува само надежта дека наскоро ќе легнам во твојот гроб и тогаш ќе ти летнам во пресрет, ќе те фатам и ќе останам со тебе во вечна преград пред лицето на бесконечниот. Споени од смртта во рајот, наскоро пак ќе се сретнеме љубов моја, и пак ќе бидеш моја! Моја засекогаш!

МАРИКА ПАУНОВСКА

Вистинската љубов живее и по смртта.

Почивај во мир, жено моја.

Сопругот Борис

 

СЕЌАВАЊЕ

на нашата

ДАНИЦА ХРИСТОВА

2020-2023

Поминаа три години, но вечно ќе те носиме во нашите мисли и срца. Почивај во мир.

Семејство Христов

ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ

 Две и пол години ти со нас, ние без тебе. Две и пол години секој ден срцата ни зборуваат без да го чујат твојот глас. Недостасуваш премногу.

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Во сабота во 9 часот ќе го посетиме твоето почивалиште во Бутел.

До следната заедничка прегратка со нашиот љубен син и брат.

Вечна ти слава!

Од таткото Душан, мајката Ружа и сестрата Елена Казанџиевски

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Поминаа 40 дена откако не напушти нашата сакана мајка, свекрва, баба и прабаба

САВКА МАНЕВСКА

По тој повод на ден 21.7.2023(петок) ќе се одржи помен на Градските гробишта Бутел во 10 ч. Ги покануваме сите роднини и пријатели да положиме свежо цвеќе во нејзин спомен.

Од синот Зоран, снаата Сузана со семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

На нашата почитувана сосетка

КЕФСЕР НИКОЛОВСКА

Почивај во мир, драга наша Кефсер.

Од станарите од зградата на Бул. Илинден бр.87 Скопје

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Со неизмерна тага соопштуваме дека на ден 15.7.2023 година почина нашиот сакан

ВЛАДИМИР РАКОЧЕВИЋ

АДВОКАТ

1932-2023

Ќе живееш во секоја наша приказна, во секој спомен, во секоја солза и секоја насмевка, во сето она што љубов се вика. Ќе живееш во незаборав се додека живеат оние што те сакаат. Засекогаш ќе бидеш наш непребол.

Погребот ќе се изврши на ден 19.7.2023 година на Гробиштата во долно Нерези. Телото ќе биде изложено во црквата Свети Пантелејмон во долно Нерези од 10.30 до 11.30 часот.

Твои Гордана,Тања, Миња, Марија, Дарко

Ивана, Нела, Владимир и Христијан.

ПОСЛЕДЕН   ПОЗДРАВ

На нашиот најдобар и најмил Владимир

ВЛАДИМИР РАКОЧЕВИЋ

1932-2023

Ти беше и остана наша неизмерна љубов и почитување. Зад тебе останува голема мудрост, ведар и насмеан лик.

Твоите внуци, Марија, Дарко, Ивана и Нела

П О М Е Н

Помина една тажна година откако ненадејно престана да чука големото срце

на нашиот сакан татко, сопруг и дедо

ДРАГАН АНТАНАСОВ

1946-2022

Ни остави прекрасни спомени и љубов што засекогаш

ќе останат во сите нас.

Поменот ќе се одржи во сабота, 15. јули во 9:30 часот на неговиот вечен дом

на Градските гробишта Бутел.

Неговите најмили сопругата Павлина, ќерките Јасмина и Маја,

зетовците Илија и Петар со внукот Максим

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

На нашата драга

ВЕРКА ЛУКОВСКА

Поменот ќе се одржи на ден 15.7.2023 (сабота)

во 10 часот на Градските гробишта Бутел.

Споменот за неа вечно ќе биде со нас.

Од семејството

ВЕЧЕН ПОМЕН

На револуционерот и патриот

ПАНКО БРАШНАРОВ

Народен пратеник од Велес

1883-1951

На 13.7.2023г. се навршуваат седумдесет и две години од упокојување

СЕЌАВАЊЕ

на револуционерот и АСНОМ

На 13.7.2023 г. се навршуваат седумдесет и две години од смртта на

ПАНКО БРАШНАРОВ

Народен пратеник од Велес

1883-1951

Од правнукот Костадин Сарагинов- Скопје

СЕЌАВАЊЕ

Десет години без нашиот сакан и почитуван

ПАНЧЕ МАЛИНКОВСКИ

(15.7.2013-15.7.2023)

Годините поминати со тебе засекогаш ќе останат во нашите мисли, срца и сеќавања.

По тој повод на 15.7.2023 година (сабота) во 10.00 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на Градските гробишта Бутел, да оддадеме почит и да положиме свежо цвеќе.

Со љубов и почит од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

 Наша најмила тетичко и омилена баба Видо

ВИДА ЃОРЃИЕВСКА

(1936-2023)

Вечно сме ти благодарни за несебичната грижа и посветеност кои ги имаше секогаш за сите нас. Ќе те паметиме по твојата кроткост,  гордост и неверојатна педантност. Неизмерно ќе ни фалат твоите приказни и прекрасни моменти поминати во нашата Богомила.

Почивај во мир,

Твоите Љубенка, Мате, Ѓоре, Елена, Ана, Јан, Мика и Алек Ѓорѓиевски

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата најмила другарка и старосватица

ГОРДАНА ПЕТРОВИЌ

Замина прерано, но остави неизбришлив траг во нашите животи со својата добрина, ведрина, храброст и мудрост.

Благословени сме што имавме ваков ангел во нашите животи и секогаш ќе те чуваме во срцата и спомените.

Од твоите најдобри другари Анита и Дејан

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Со голема тага се простуваме од нашата сакана мајка, сопруга, ќерка и сестра

ГОРДАНА ПЕТРОВИЌ

Погребот ќе се одржи на 13.7.2023 во 11.30ч на Градските гробишта Бутел

Засекогаш ќе останеш во нашите срца, секогаш насмеана.

Последен поздрав од сопругот, синовите, родителите, братот и снаата

СЕЌАВАЊЕ

78 години од политичкото убиство и од смртта на нашата најблиска

 

ПАНДЕ ЧЕСНОСКА

1919 - 12.7.1945 г.

Простете

од семејството

СЕЌАВАЊЕ

78 години од политичкото убиство и од смртта на нашите најблиски

 

ПАНДОРЧЕ И КОСТАДИН ЧЕСНОСКИ

1918 -2002 г. 1914 - 1959 г.

Простете

од семејството